Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Дваесет милиони луѓе во опасност да умрат од глад

Границите помеѓу Кенија и Етиопија

13/03/2017 10:23

Дваесет милиони луѓе страдаат заради глад и беда; светот се наоѓа пред најголемата хуманитарна криза после 1945 година – предупреди Стивен О’Брајан водач на хуманитарните работи при ООН, барајќи од Советот за безбедност итно услогласување на давање помош.

Тоа е знак за паника по повод најголемата криза во последните 60 години затоа што 18,8 милиони луѓе немаат храна и вода. Најголема хуманитарна криза е забележана во Јемен, земја која освен тоа е уништена во војната помеѓу бунтовниците на шиитските Хути и саудиската коалиција. Во таа земја на две третини од населението му треба помош.

Дрматична е состојбата и во Јужен Судан, Сомалија и Нигерија. Станува збор за уште три реалности кои ги притиска бедата, гладот, сушата, тероризмот и политичката нестабилност. Меѓутоа не е ниту многу подобро во Малави, Кенија, Танзанија, Етиопија и Еритреја. Како резултат на тоа, се множат жалбите исто така и во седиштето на ООН, за општо заедничко и координирано заземање, без кое луѓето ќе умрат од глад и заради различни болести. Во меѓувреме локалните епископски конференции настојуваат да му помогнат на народот со сите можни средства, но изгледа дека светот кој јаде и пие се ограничува само на упатување апели.

За овој факт во разговор за Радио Ватикан се осврна Мишел Воларо, новинар во списанието „Африка и бизнис“, и рече дека во Осло неодамна е одржана меѓународна конференција за критичната состојба во котлината на езерото Чад, кое е опкружено со Нигерија, Нигер, Чад и Камерун. Состојбата е таква – објасни – заради сушите, бедата, тешките економски можности во тоа подрачје, како и заради радикалната група Боко Харам. Во пресрет на конференцијата агенцијата на ООН побара од донаторската заедницата над милијарда долари, на што меѓународната заедница ветуваи 484 милиони долари, односно третина од бараното – рече Воларо.

И покрај можното умирање на милиони луѓе, изгледа дека повеќе пати повторуваните апели паѓаат во вода. На пршање на нашиот новинар што може да се направи, Воларо, рече дека од давањето одговор со итната краткотрајна помош, треба да се премине на долгорочен одговор, односно треба да се овозможат решенија кои можат на некој начин да поттикнат на вистински развој на економското и општетсвеното подрачје на тие земји. Тоа пак значи – објасни –треба да се отворат работни места и да се даде можност за економски и општествен раст. Ако не се оствари раст и одржлив развој очигледно е дека апелите за донација може и понатаму да се упатуваат, но тие ќе останат без одговор и нема да дадат долгорочно решение – рече Воларо.

РВ/к.мк

13/03/2017 10:23