Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Кардинал Паролин за понтификатот на папата Фрањо

Папата Фрањо и кардинал Пиетро Паролин - AP

14/03/2017 10:41

Пред четири години, нa 13 март, е избран папата Фрањо. Пастир, кој речиси „дојде од крајот на светот,“ изминатите години неуморно промовираше длабока обнова на Црквата.

Четвртата година исто така беше тешка со настани и научителски документи: постсинодскиот поттик „Amoris Laetitia“, историската средба со патријархот Кирил во Куба, Светскиот ден на млади во Краков, посетата на Аушвиц, канонизацијата на Мајка Тереза и екуменската посета на Лунд по повод 500 годишнина од реформата на Лутер. Врската на сите тие случувања е милосрдието – верниот следбеник на понтификатот – кој во Вонредниот јубилеј достигна врв.

Осврнувајќи се на изминатите четири години од понтификатот, кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар во разговор за Радио Ватикан се присети дека на 13 март 2013 година како апостолски нунциј бил во Каракас, во Венецуела. Ме изненади изборот на кардинал Берголио затоа што за него не се говореше, исто така и името кое го избра, затоа што до сега не сме имале име Фрањо, а тоа до некаде ја најави главната карактеристика на неговиот понтификат. Освен тоа ме изненади и неговото едноставно обраќање на народот, поттикнувајќи го заедно да го молат Бог за да го благослови и заедно и Папата и народот да се доверат на Бог; народот и пастирот да одат заедно, доверувајќи се на Божјото милосрдие – рече кардиналот.

На забелешка дека Папата веднаш на почетокот рекол дека Црквата треба да биде „во излегување“, во одење, рече дека одот на Црквата е долг, постепено; би можеле да кажеме дека започнува со Вториот ватикански собор, а Папата пак сака Соборот да се примени во животот на Црквата. Многу е важно дека Црквата е во одење, во отворање, пред сѐ за Господ, оди кон својот Господ Исус Христос. Ако е „во излегување“ кон Господ, можe да ги сретнe и придружува луѓето во нивниот секојдневен живот. Заедничкиот од ми изгледа многу важен, тоа е колегијалност, синодалност. Под водството на Светиот Дух, Црквата треба заедно да оди – истакна кардинал Паролин.

На прашање каде најмногу ги гледа плодовите на постојаното истакнување на Папата за потребата од милосрдие, рече дека упорното истакнување на милосрдието не е израз на лично задоволство на Папата, туку е привлекување внимание на основното таинство, на Божјата љубов. Историјата на спасение е историја на објавата на љубовта, милосрдието и Божјата нежност кон луѓето. Папата нѐ повика да се напојуваме од тој извор, а уверен сум дека Црквата мора да биде посредничка на средбата помеѓу Божјото милосрдие и денешниот човек во неговата реалност, во неговите сигурности, слабости и сомнежи – рече кардиналот продолжувајќи:

Во однос пак на плодовите од Јубилејот, би истакнал две работи. Многу христијани открија дека Исповедта е света Тајна на Божјото милосрдие, во која Исус прави да го почувствуваме Божјото милосрдие, простувањето на гревовите и целата негова љубов кон нас. Слушнав од сите страни дека оживеа светата Тајна Помирување, дека многумина повторно пристапиле на Исповед. Освен тоа, самиот Папа посебно со гестови ни го покажа делотворното милосрдие, што посебно се бара во времето на Великиот пост. Преобраќањето се раѓа од делата на братската љубов, од обновеното внимание кон луѓето со тешкотии, сиромашните, исклучените и сите оние на кои им е потребна поддршка и близина – рече кардиналот.

За постсинодскиот поттик „Amoris Laetitia“, кардиналот  рече дека тоа е дар за сите нас. Се сеќавам дека Папата пред Синодата рече: „Оваа Синода треба да направи да блесне Евангелието за семејството.“ Евангелието за семејството го содржи Божјиот план за семејството. Поттикот „Amoris Laetitia“ е како што слушам од многумина, на големо придонесе за обнова на семејниот пасторал – истакна кардинал Паролин.

На прашање зошто Светиот Отец постојано ја истакнува потребата за реформа, рече дека Црквата трајно се реформира. Темелната димензија на Црквата е траен процес на реформирање, евангелски кажано, преобраќање. Папата упорно ја истакнува потреба за „реформа на срцето.“ Секоја реформа, исто така и структурна, започнува од срцето, од внатрешноста. Важно е да се истакне, а тоа го вели и Папата, дека реформата мора да вдахнува на вистинско враќање кај Бог и покажување на вистинската природа на Црквата, а не на функционалните мерила – рече кардиналот.

На прашање како лично ја доживува соработката со папата Фрањо рече дека силно го допира длабоката вера на Папата и неговата смиреност. Тој многу пати ја спомнува својата смиреност, која навистина ја чувствувам кога сум со него. Тој смирено приоѓа и на најсложените и најтешките ситуации, а верувајте дека не се малку. Способен е со ведрина да гледа на работите знаејќи дека сѐ е во Божјите раце, затоа не се плаши смело да оди напред. Неговата смиреност многу ми помага во прифаќањето на моите одговорности и улоги – заврши кардинал Паролин.

РВ/к.мк

14/03/2017 10:41