2017-03-18 13:49:00

Папата до младите: Бидете сведоци на Христовата љубов


Да бидат сведоци на Христовата љубов, поттикна Светиот Отец скоро 10 илјади млади кои на 11 март 2017 година се собраа во арената Вемвли во Англија на конгресот „Flame 2017“, во организација на „Catholic Youth Ministry Federation“ и Епископската конференција на Англија и Велс.

Во пораката до младите од Англија, која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар, Папата го повторува она што во јули минатата година во Краков по повод Светкиот ден на младите го кажа, поттикнувајќи ги младите да се „отворат за нови хоризонти, способни да ја шират радоста која се раѓа од Божјата љубов, радоста која во твоето срц го остава секој гест на милосрдието. Треба да се оди на улиците следејќи ја „лудоста“ на нашиот Бог Кој нѐ учи за да го сретнеме во гладниот, жедниот, голиот, болниот, во пријателот кој лошо завршил, во затвореникот, во бегалецот и мигрантот, во осамениот сосед.“

Темата на овогодинешниот собир – пренесува агнецијата Сир – беше повикот до младите да ги бараат и да бидат дел од „10 илјади причини“ за верување, надеж и молитва. Музиката беше составен дел од настаните, благодарение на групите како „One Hope Project“ и пејачите како Џасим Елкок и Мет Редман.

Посебен гост на настанот беше кардинал Чарлс Маунг Бо, надбискуп на Јангон во Мјанмар, кој зборуваше за политичката и верската состојба во својата земја, поттикнувајќи ги младите да бидат храбри и различни во општетсвото. (...)

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.