2017-03-18 13:54:00

Порака на Папата до членовите на Здружението на милосрдието


Веродостојноста на Црквата поминува преку конкретно сведоштво на љубовта – истакна папата Фрањо во пораката до членовите на Меѓународното здружение на милосрдието, по повод 400 години од основањето на првите братства на христијанската љубов на свети Винко Паулски.

Папата во пораката посака посланието поврзано со настанувањето на браството на христијанската љубов, кое во 1617 година го основа свети Винко Паулски, и во нашето време да биде вистинско сведоштво на Божјото милосрдие кон сиромашните. Нека оваа 400 годишнина – рече Папата – биде можност за благодарност на Бог за неговите дарови и за отворање за Неговите изненадувања, со здивот на Светиот Дух, да ги разбереме новите патишта. Новите патишта – истакна Светиот Отец – кои во служба на љубовта ќе бидат поплодни.

Братствата настанале од љубовта кон сиромашните

Папата потоа потсети дека браствата на христијанската љубов настанале од нежноста и сочувството на свети Винко кон сиромасите, често напуштени и исклучени, како на село, така и во градовите. Во сиромасите ги гледал претставниците на Исус Христос, деловите на Негото тело кое страда – истакна Папата и додаде – Подоцна грижата за сиромашните ја доверува на лаиците, посебно на жените. Меѓународното здружение на милосрдието и денес ги поддржува оние во потреба и им го ублажува материјалното, телесното, моралното и духовното страдање.

Живот со вера помога да се спознае реалноста на човекот

Откако потсети дека во основата на тоа заземање е Божјата провидност, Светиот Отец поттикна човекот да се поддржува во целост, и посебно внимание да се посвети на лошите услови за живот на голем број жени и деца. Животот со вера соединет со Христос ни овозможува да ја спознаеме реалноста за луѓето, нивното со ништо не споредливо достоинство, и фактот дека се создадени на слика и образ Божји – стои во пораката.

Да се види сиромаштвото значи да се живее таинството на Овоплотувањето

За да го видиме сиромаштвото – истакна потоа Светиот Отец – не е доволно да се наследуваат големите идеи, туку треба да го живееме таинството на Овоплотувањето. Таинството на Бог, Кој стана човек, Кој умре за да го подигне човекот и да го спаси. Тие не се само убави зборови и за самите сиромашни значи да се сретне Христос во оние им го даваат вистинското сведоштво на љубовта. Тоа е „култура на милосрдието“ која од длабочината го обновува срцето и отвора за нова реалност – истакнува папата Фрањо на крајот од пораката.








All the contents on this site are copyrighted ©.