Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Ватикан со нов апел во ООН за Сирија

Постојаниот набљудувач на Светиот престол при ООН во Женева монс. Иван Јурковиќ - RV

20/03/2017 11:54

Во своето објаснување на 15 март 2017 година, на 34 сесија на Советот за човекови права за состојбата во Сирија, постојаниот набљудувач на Светиот престол при ООН, во Женева, монс. Иван Јурковиќ, се обрати до Претседателот и членовите на Советот со следните зборови (говорот го пренесуваме во целост):

Господине претседателе, во Извештајот на Комисијата за истражување за Арапската Република Сирија, како и од други извори, многу добро ја покажува катастрофалната состојба која и понатаму се развива, повеќе од шест години насилство: стотици илјади жртви и ранети; семејниот живот е пореметен; инфраструктурата, куќите, училиштата, болниците и местата за богослужба се уништени; цели градови се опустошени; неисхранетост и несоодветна здравствена заштита. Тоа е страшна реалност, со која Сирискиот народ секојдневно се соочува. Светиот Престол сака да ја обнови својата солидарност со народот во Сирија, а посебно со жртвите на насилството и ја поттикнува меѓународната заедница да се приклони на гледиштето на жртвите. Шест години бесмислен колеж, уште еднаш ја покажува илузијата и залудноста на војната, како начин за решавање на конфликтите. Амбицијата за политичка моќ и себичните интереси во комбинација со соучеството поттикнуваат насилство и омраза со достава на значителна количина средства и оружје, што од 2011 година (до денес) предизвика иселување на повеќе од пет милиони луѓе од Сирија, оставајќи зад себе уште 13,5 милиони луѓе во потреба, од кои околу половина се деца. Соочени со тие бројки, дијалот на сите нивоа е единствениот пат кон напред. Додека мојата делегација ги поздравува скромните чекори направени во последно време во таа смисла, сакам да нагласам дека решението за ситуацијата во Сирија не може да биде војна. Не смее да подлегнеме на логиката на насилството, затоа што насилството раѓа и понатаму насилство.

Господине претседателе, неприфатливо е најголемата цена за време на таквите конфликти често да ги плаќаат децата: „Некои од нив не познаваат друг живот освен воениот. Некои од нив се родени при бомбардирање. Децата трпат огромен психолошки притисок... Ретко на нивните лица се појавува насмевка. Од нивните исплашени погледи избива страдање. Се будат со звукот на експлозијата на бомбите и ракетите.“ Папата Фрањо повеќе пати ја искажа близината со Сирискиот народ, а посебно“... со младите погодени од бруталниот конфликт во Сирија, лишени од радоста на детството и младоста, како и од способностите да си играат и да одат на училиште.“ Господине претседателе, мојата делегација апелира дека мирот, простувањето и помирувањето можат да триумфираат над насилството и бедата. Шест години конфликт укажува на неуспехот на меѓународната заедница во целина. Ситуацијата во Сирија – како семејствата на сите народи – се нашата заедничка одговорност. Правата на Сирискиот народ, без разлика на нивната верска или етничка припадност, мора да се заштитат, како и сите Сиријци за кои стремежите за правда и мир, се основни елементи на целиот човечки развој. Во таа смисла, од најголема важност е верските и етничките малцинства да не станат пиони на геополитички порамнувања, туку во целост да учествуваат во транспарентниот и инклузивен преговарачки процес, со еднакви права и одговорности, бидејќи тој е единствениот начин за градење на мирна иднина. Во заклучокот мојата делегација сака да нагласи дека достоинството – својствено за секој човек – мора да има предност пред силата и осветата. Неправедните страдања на невини жртви на тој бесмислен колеж треба да ги поттикне сите вклучени страни, да се вклучат во сериозен дијалог и да работата на мир и праведност. Ви благодарам, господине претседателе! – рече на крајот од своето излагање, постојаниот набљудувач на Светиот Престол при ООН, Иван Јурковиќ.

РВ/к.мк

20/03/2017 11:54