Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Монс. Ауза бара поефикасна борба против трговијата со луѓе

надбискупот Бернардито Ауза - RV

20/03/2017 11:48

Тоа е огромен предизвик кој бара пропорционален одговор – рече надбискупот Бернардито Ауза, постојан набљудувач на Светиот Престол при ООН, говорејќи на 15 март 2017 година на расправата за трговијата со луѓе, кое се водеше во Советот за безбедност на ООН во Њујорк.

Државите не треба со оружје да придонесуваат за илегална трговија, напротив одлучно треба да ја попречат затоа што поттикнува конфликти, а со тоа и нелегална трговија со луѓе.

Надбискупот одлучно ја осуди „леснотијата“ со која оружјето исто така и за масовно уништување, завршува во рацете на терористите, поттикнувајќи и продолжувајќи со вооружените конфликти кои трговците ги изложуваат луѓето. Затоа надбискупот упати апел да се забрза склопувањето на договори и усвојувањето на закони кои спречува продажба на оружје. Советот за безбедност на ООН треба одлучно да се бори против трговијата со луѓе сузбивајќи ги и ставајќи крај на вооружените конфликти, и поттикнувајќи зацврстување на мирот и развојот – опомена постојаниот набљудувач при Светиот Престол.

Надбискупот Ауза се осврна на „состојбата на христијанските заедници, Језидите и етничките и верските малцинства на подрачјето на античка Месопотамија, кои се заробени, предадени, убивани и подложени на секој облик на понижување. Очигледниот недостаток на сериозни напори пред лицето на правдата да ги изведат сторителите на тие геноциди и кршењето на човековите права како и меѓународните права остава многу прашања неодговорени, затоа е оправдано прашањето колку други злосторства мора да се поднесат пред жртвите да можат да добијат помош, заштита и правда – рече надбискупот.

Потсетувајќи на првенството на борбата против трговијата со луѓе, надбискупот предупреди на врската помеѓу трговијата со луѓе и екстремното сиромаштво, неразвиеноста, општественото исклучување, недостатокот на пристап до образование и светот на работата. Трговците со луѓе, терористите, вооружените конфликти и наднационалните мрежи на организираниот криминал наоѓаат плодно тло во „ранливите луѓе кои бегаат од сиромаштвото, војните и природните непогоди.“ Криминализирањето на мигрантите, т.н. нерегуларни кои се без документи ја зголемуваат нивната ранливост – заврши надбискупот Ауза.

РВ/к.мк

20/03/2017 11:48