Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

125 години од основањето на сестрите Служебници

Епископот Стојанов во Куцура и Руски Крстур - RV

20/03/2017 11:41

Во сабота 18 март 2017 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, во придружба на о. д-р Зоран И. Стојанов, присуствуваше на Вечерната богослужба во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Куцура (Војводина - Србија) по повод прославата на сестрите Служебници на Безгрешна Дева Марија, кои во Војводина слават 125 години од нивното основање и 70 години од основањето на Вицепровинцијата (сега провинција) посветена на свети Јосиф.

Централен настан на прославата на сестрите Служебници беше светата Литургија на 19 март на Крстопоклона недела која се служеше во Катедралната црква „Свети Никола“ во Руски Крстур. На Литургијата покрај епископот Стојанов сослужуваа и месниот епископ Џуро Џуџар - егзарх во Србија, Никола Кекиќ - Крижевски владика и Петро Крик - апостолски егзарх за католиците Украинците од визнатиски обред во Германија и Скандинавија.

На прославата присуствува и Генералната настојателка на сестрите Службеници с. Тереза Слота, во придружба на провинцијаланата настојателка с. Вероника Гралјук.

Сестрите Службеници се основани во Украина во 1892 година, нивната Генералната куќа се наоѓа во Рим и се распространети во Европа, Австралија, Северна и Јужна Америка.

к.мк

20/03/2017 11:41