2017-03-27 16:20:00

Папата службено го призна чудото на Франческо и Јацинта


Папата Фрањо на 23 март 2017 година го прими кардинал Анџело Амато, префект на Конгрегацијата за прогласвуање за светците. По тој повод Светиот Отец со одобрување на канонизацијата на 30 бразилски и тројца мексикански маченици и со објавата на други декрети, службено го призна чудото кое се припишува на застапништвото на децата-блажени од Фатима: блажен Франческо и блажена Јацинта Марто, на кои Пресвета Богородица им се објави.

Папата ќе ја посети Фатима за 100 годишнина од објавувањето на Пресвета Богородица на 12 и 13 мај 2017 година. Блажен Франческо Марто е роден на 11 јуни 1908 година, а умира на 4 април 1919 година, додека блажена Јацинта Марто родена е на 11 март 1910 година, а умира на 20 февруари 1920 година.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.