2017-03-30 10:56:00

Папата прими меѓурелигиска група од Ирак


На 29 март 2017 година пред Генералната аудиенција папата Фрањо ги прими претставниците на делегацијата на Ирачкиот надзорен одбор и Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог.

„Вашата посета претставува вистинско братско богатство и затоа претставува пат кон мирот меѓу сите луѓе, мир во срцето, во семејствата, во вашата земја, како и во светот,“ им рече Светиот Отец. Додаваме дека ирачкиот совет го сочинуваат шиити, сунити, христијани, Јазиди и Мандејци и се дел од Постојаниот одбор за меѓурелигиски дијалог.

Папата рече дека тој израз на дијалог и солидарност е добредојден. „Сите сме браќа, а каде е братството, таму е и мирот. Сите сме ние синови Божји,“ истакна Светиот Отец и потоа ги повтори зборови од поздравниот говор кој до групата ги упати кардинал Жан-Луј Туран, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог: „Имаме заеднички татко на земјата - Авраам,“ рече Папата. „И од тоа првото Авраамово „оди во, ние се собираме овде денес.

„Сите сме ние браќа, и како браќа истовремено сме и исти и поинакви како прстите на рацете: имаме пет прсти; сите пет се прсти, но повторно сите се различни. Му благодарам на Бог, Господ што ни помогна сите да се сретнеме овде,“ рече Папата и на крајот на присутните повика благослов од Семоќниот Бог.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.