2017-03-30 10:53:00

Папата упати апел да се заштитат ирачките цивили


Богатството на ирачкиот народ во тој мозаик кој го претставува единството во различноста, е сила во заедништвото, благосостојба во хармонија – рече папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција одржана на 29 март 2017 година.

Богатството на ирачкиот народ во тој мозаик кој го претставува единството во различноста, е сила во заедништвото, благосостојб во хармонија – рече папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција додека ги поздравуваше претставниците на Постојаниот одбор за меѓурелигиски дијалог, кој ги спојува делегатите на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог како и претстаниците на шиитите, сунитите, христијаните, Јазид и Мандејците.

Драги браќа и сестри ве поттикнувам да продолжите да одите по патот (на разбирањето) и ве повикувам да се молете во Ирак да се оствари хармонија меѓу различните етнички и верски групи и така да се постигне мир, единство и благосостојба во таа земја – истакна Светиот Отец и ја изрази својата близина до населението кое е заробено во западните квартови на Мосул како и на оние кои се раселени заради војната. Иразувајќи длабока жалост заради жртвите во крвавите конфликти, папата Фрањо повторно упати апел сите итно да се вклучат во заштитата на цивилите.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.