2017-03-30 10:44:00

Папата упати порака до учесниците на симпозиумот во Барселона


Кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар, во име на Светиот Отец упати порака до учесниците на симпозиумот, кој Советот на европските бискупски конференции во Барселона го организираше на тема „Придружувајте ги младите слободно да одговорат на Христовиот повик.“

Во пораката до надбискупот на Барселона, кардинал Паролин пишува:

„Светиот Отец исто така поттикнува да се размислува за предвизиците на евангелизација и за придружувањето на младите, со помош на дијалогот и средбата, и како живи делови на Христовото семејство, младите да бидат уверени носители на радоста на Евангелието во сите животни средини. Со тие чувства и повикувајќи заштита од Пресвета Дева Марија, Врховниот свештеник со задоволство го поделува бараниот апостолски благослов – стои на крајот од пораката.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.