2017-04-03 10:36:00

Ангел Господов: Својот живот да го довериме на Марија


По светата Литургија во Карпи на 2 април  2017 година папата Фрањо ги повика присутните верници своите мисли да ги насочат кон Пресвета Дева Марија. „На Неа да ѝ ги пренесеме своите радости, таги и надежта.

Да ја молиме милостиво да погледне на сите оние кои меѓу нас трпат, посебно болните, сиромашните и оние без достојна работа.

По светата Литургија папата Фрањо рече дека е длабоко погоден од трагедијата која ја погоди Колумбија, каде заради обилните и бурни дождови, дојде до лизгање на земјиштето, што предизвика во градот Мокоа голем број човечки жртви. „Се молам за жртвите и ги уверувам сите оние кои ги оплакуваат своите мили, за својата и вашата близина, а им благодарам на сите оние кои настојуваат да пружат помош.“

И понатаму стигнуваат вести за крвавите вооружени конфликти во Демократска Република Конго, кои се причина за смрт и иселување и кои исто така ги погодуваат луѓето и црковните добра: црквите, болниците, училиштата... Изразувајќи ја својата близина на народот на Демократска Република Конго, папата Фрањо ги повика сите верници да се молат за мир, како и за преобраќање на сторителите на тие злосторства и да не останат робови на омразата и насилството.

Светиот Отец потоа рече дека заинтересирано ја следи ситуацијата во Венецуела и Парагвај и за тамошните народи – нему многу драги – се моли, а потоа ги повика и сите останати да се упорни во неуморната молитва, барајќи политички решенија, избегнувајќи секакво насилство. Потоа ги повика собраните верници своите мисли да ги насочат до Пресвета Дева Марија. „На Неа да ѝ ги пренесеме своите радости, таги и надежта. Да ја молиме милостиво да погледне на сите оние кои меѓу нас трпат, посебно болните, сиромашните и оние без достојна работа – рече.

Спомнувајќи ги потоа двајцата истакнати лаици од ист регион: блажен Одоард Фочерини и слугинката Божја Маријана Салтини – сведоци на Христовата љубов – Папата со благодарност ги поздрави верниците лаици и ги поттикна да бидат протагонисти на животот во своите заедници и во заедништво со своите свештеници, како и секогаш да го даваат она најважното во навестувањето и сведочењето на Евангелието. Заблагодарувајќи се потоа на епископите од регионот Емилија Ромања и посебно на пастирот - домаќин монс. Франческо Кавини, ги повика да бидат со своите свештеници, со своето уво и грижливата близина.

Светиот Отец се заблагодари на сите верници, свештениците, монасите и монахињите, на граѓанските власти, а посебно на оние кои учествуваат во организацијата на посетата, како и на хорот кој ја анимираше Литургијата. Потоа ги повика сите својот живот и судбината на Црквата и светот да ја доверат на Марија, предводејќи ја молитвата Ангел Господов, а потао ги благослови присутите.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.