Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Генерална аудиенција

Апел на папата Фрањо на Генералната аудиенција

папата Фрањо - AFP

06/04/2017 10:52

Папата Фрањо упати апел на крајот од Генералната аудиенција на 5 април 2017 година по повод атентатот во метрото во Санкт Петербург.

„Изминатите денови во метрото во Санкт Петербург се случи атентат, кој предизвика жртви и збунетост кај населението. Додека ги доверувам на Божјото милосрдие оние кои смртно настрадаа во таа трагедија, ја изразувам својата близина на нивните семејства и на сите оние кои страдаат заради тој драматичен настан,“ рече Папата.

Светиот Отец упати апел и по повод вчерашниот напад во Сирија, во кој е користено хемиско оружје.

„Со згрозеност сме сведоци на последните случувања во Сирија. Ја изразувам својата цврста осуда заради неприфатливиот масакар кој вчера се случи во провинцијата Идлиб, каде се убиени десетици невооружени луѓе, меѓу кои и многу деца. Се молам за жртвите и за нивните семејства и апелирам на совеста на оние кои имаат политичка одговорност, на локално и меѓународно ниво, на таа трагедија да се стави крај и да се донесе олеснување за тој сакан народ кој веќе долго е исцрпуван од војната. Исто така ги охрабрувам настојувањата на оние кои и покрај несигурноста и тешки услови вложуваат напори на населението во тој крај да му се достави помош,“ рече Папата во својот апел.

РВ/к.мк

06/04/2017 10:52