Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Средба на бискупот Стојанов со корисниците на народната кујна

Бискупот Стојанов со корисниците на народната кујна - RV

06/04/2017 11:29

На 04 април 2017 Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов оствари средба со корисниците на народната кујна на сестрите Мисионерки на љубовта – познати како сестри на Мајка Тереза.

Во една срдечна и со дијалог исполнета атмосфера, бискупот Стојанов зборуваше за значењето на претстојниот голем христијански празник – Велигден. Исто така бискупот Стојанов одговараше на повеќе прашања поставени од страна на корисниците на кујната, поврзани со христијанството и верата.

Бискупот Стојанов искажа искрена благодарност до сестрите Мисионерки на љубовта за нивното големо залагање, за ближните во потреба, при што ги повика корисниците со своите молитви да допринесат Господ Бог да ги обдари сестрите со сите милости кои им се потребни за да можат со истиот жар и истата љубов да продолжат да ја исполнуваат својата мисија.

к.мк

06/04/2017 11:29