2017-04-10 15:54:00

Радово молеше за мир во Македонија


Во неделата, 09 април 2017 година, на Цветници  во парохијата „Свети пророк Илија“ во Радово на посебен начин се молеше за мир во Македонија. Светата литургија која ја предводеше Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов, во сослужение со домашните свештеници, беше отслужена во намерение за мир во нашата Татковина. Кон молитвите се придружија и сите верници од парохијата.

По Божествената литургија беше отслужен и Молебен во чест на Пречиста Дева Марија молејќи го заговорот на нашата Небесна Мајка, зашто мирот нема цена, односно е непроценлива придобивка за сите.

к.мк/Наталија С.








All the contents on this site are copyrighted ©.