Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Масакрот на Цветнци во Египет е искушение за христијани

Копсткиот католички патријарх Ибрахим Исак Сидрак

13/04/2017 12:40

Масакрот што се случи на Цветници беше искушение за верата на египетските христијани – рече во разговор за агенцијата Фидес патријархот Ибрахим Исак Сидрак, приматот на Коптската Католичка црква.

Масакрот што се случи на Цветници беше искушение за верата на египетските христијани. Патријархот Тавадрос II длабоко е ожалостен, не е лесно да се разговара со него. Гледајќи што се случува, можеме само да го насочиме својот поглед кон новите маченици и уште поистрајно да го повикаме Христос да нè утеши и да ја сочува нашата надеж во воскресението – рече во разговор за агенцијата Фидес патријархот Ибрахим Исак Сидрак, приматот на Коптската Католичка црква. Потсетуваме дека минатата недела во двоен бомбашки напад на коптската православна катедрала во Александрија седиштето на коптскиот патријарх Тавадрос II и на црквата во Танта градот на делтата на Нил загинаа најмалку 44 луѓе, а повеќе од 100 се повредени. Одговорноста за двата напади ја презеде т.н. Исламска држава.

Патријархот Сидрак рече дека на денот на нападите бил во Александрија каде во коптската католичка катедрала го предводел литургиското славење, која е оддалечена само 200 метри од коптската православна катедрала. Затоа јасно ја слушнале силната експлозија. Католичкиот патријарх истакна дека потврдата на доаѓањето на Папата во Египет е важен знак како за египетските христијани така и за целата земја: откажувањето на посетата би можело да остави впечаток дека крвопролевањето и теророт можат да преовладуваат.

Кога станува збор за борбата против тероризмот, за несоодветна ја означи методата на репресија и пронаоѓањето на убијците откако злосторството е направено. Зад тие нечовечки дела со ѓаволски карактеристики се наоѓа расположение кое го храни со омраза и кое дури кружи во медиумите, влијаејќи така на размислувањето на многу луѓе – предупреди патријархот Сидрак. Египетскиот претседател Абдел Фатих Ал-Сиси веќе две години инсистира на потребата за промена на „начинот како религијата се претставува“ за да се искоренат неприродните мисли кои го хранат тероризмот – предупреди и додаде: Но, никој не ги слуша неговите зборови. Дури и оние кои се поврзани со Ал-Азхар не се уверени во неопходноста за промена.

Патријархот рече дека по нападот од сите страни добиле барање за време на богослужбите во текот на Страсната седмица да се зајакнат безбедносните мерки пред црквите. И црквите мора да платат за безбедносните служби. Истакна дека нема намера никого да обвинува, но многумина се ожалостени и огорчени кога гледаат дека тие напади постојано се повторуваат, секогаш на ист начин, а изгледа дека ништо не се менува. Во таа ситуација често нашите лаици се тие кои тешат и ја поддржуваат надежта на сите – рече коптскиот католички патријарх. Да го молиме Господ да ја покаже својата победа и да ги преобрати срцата на тие убијци, како што моли и папата Фрањо. Со тие молитви одиме во пресрет на Исус за да го прославиме неговото воскресение – заврши патријархот Сидрак.

РВ/к.мк

13/04/2017 12:40