Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

За Велигден епископот Стојанов служеше во Струмица

Епископот Стојанов служеше во Струмица - RV

18/04/2017 11:37

На празникот Воскресение Христово, 17 април 2017 година во претпладневните часови Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во катедралата „упснеие на Пресвета Богородица“ во Струмица, во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.

Во својата проповед владиката Стојанов истакна: „Ако се вратиме на почетокот на проповедта ќе видиме дека Лука започна да ја пишува историјата на Црквата, меѓутоа тука во Струмица и нашиот Егзархат ја пишуваме: не само владиката, свештениците, чесните сестри, туку сите ние заедно и секој поединечно и секој нејзин верник. Како? Јасно да сведочиме со силата на Светиот Дух дека Христос е жив и видлив во нашите дела на љубовта, да бидеме утеха и надеж во оваа наше време на бројни непосакувани настани и со својата непоколеблива вера да ја искажем нашата љубов кон Бога и ближниот.

Нека ви е благословен овој ден на Христовото воскресение кој започнува во пракса веднаш со самото наше излегување од Црквата и да се потрудиме сето тоа да го пренесеме во живот. Честит празник Воскресение Христово – Христос Воскресе!“

На крајот од светата Литургија епископот Стојанов честитајќи им го празникот на Воскресението Христово ги повика присутните да ги пренесат неговите честитки на своите блиски, а кои не беа во можност да присустуваат на оваа света Литургија, посебно оние кои се болни, стари и изнемоштени.

 

18/04/2017 11:37