Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата со конкретен предлог за Светлата седмица

Папата на твитер: „На сите нас за време на воскресната осмина добро би ни дошло ако секој ден читаме еден дел од Евангелието кој зборува за Христовото Воскресение.“ - AFP

20/04/2017 16:04

„На сите нас за време на воскресната осмина добро би ни дошло ако секој ден читаме еден дел од Евангелието кој зборува за Христовото Воскресение,“ истакна Светиот Отец во својата твитер порака објавена на 18 април 2017 година.

Потсетуваме дека Папата во повеќе наврати зборуваше за вредноста на читањето на Светото Писмо. Папата Фрањо исто така пред месец и половина за време на пладневен наговор праша: „Што би се случил кога кон Библијата би се однесувале како кон својот мобилен телефон? Кога секогаш би ја носеле со себе, барем мало џебно издание на Евангелието, што би се случило? Кога би се враќале назад по неа ако ја заборавиме: го забораваш ли мобилниот телефон! Го нема, се враќам да го барам? Кога би ја отворале повеќе пати на ден? Кога Божјите пораки во Библијата ги читаме како што ги читаме пораките на мобилниот телефон, што би се случило?“

Навистина кога Словото Божјо секогаш го имаме на срце – продолжи Папата – никакво искушение не може да нè раздели од Бог и никаква пречка не може да нè сврти од патот на доброто; ќе знаеме да ги надминуваме секојдневните шепоти на злото кое е во нас и надвор од нас; ќе бидеме поспособни да живееме воскреснат живот преку Духот, прифаќајќи и љубејќи ги своите браќа, посебно оние најранливите и оние во потреба, па дури и нашите непријатели.

Папата Фрањо во предговорот на Youcat Библиjата за млади повикува на внимателно читање и проучување на Библијата. Да не останете површни, како да читате стрипови – истакнува Светиот Отец – Никогаш немојте да го прелетате Словото Божјо! Запрашајте се: „Што му порачува тоа на моето срце? Ми зборува ли мене Бог преку тие зборови? Ме допира ли во длабочината на моите стремежи? Што треба да направам?“ Само на тој начин може да се развие силата на Божјото Слово. Само така може да се промени нашиот живот, само така може да се стане голем и убав.

Во својот предговор Папата потсетува и на зборовите на Махатма Ганди: „На вас христијаните ви е доверен текст кој во себе има доволно динамит за да ја крене во милиони парчиња целата цивилизација, да го сврте светот наопаку и да донесе мир на планетата опустошена од војната. Според него, се однесува како да е книжевно ремек дело и ништо повеќе.“ Папата Фрањо истакнува дека Библијата не е книжевно ремек – дело, туку тоа е книга како пламен, книга во која Бог зборува. Заради тоа сетете се – порача Светиот Отец - дека Библијата не е направена за да се стави на полицата, туку за да се држи во рацете и често секојдневно да се чита – сами или во друштво.

РВ/к.мк

20/04/2017 16:04