Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Генерална аудиенција

Папата: Сржта на христијанската вера е Исусовото воскресение

Папата за време на Генералната аудиенција - REUTERS

20/04/2017 16:12

Сржта на христијанската вера е Исусовото воскресение. На христијаните им е потребно срце кое поседува способност за восхит затоа што христијанството е милост и изненадување – истакна папата Фрањо на Генералната аудиенција на 19 април на плоштадот Свети Петар.

Папата продолжи со серијата катехези за христијанската надеж, а денес таа тема ја разгледуваше во светлината на воскресението на нашиот Господ Исус Христос. Во фокусот на размислувањето беше 15 глава од Првото Посланието до Коринтјаните во кое свети Павле пишува за воскресението како изворот на нашата вера.

Христијанската порака не се раѓа од размислувања на мудреци, туку таа на човештвото му пристапува однадвор. Светиот Отец предупреди дека христијанството не е идеологија, ниту филозофски систем, туку пат на верата, кој произлегува од настаните за кои сведочат првите ученици. Апостолот Павле го резимира тоа на следниот начин: Христос умре за нашите гревови, беше погребан и дека на третиот ден воскресна и дека му се јави на Кифа и потоа на единаесетте. Тоа е факт – рече папата Фрањо – Исус е жив. Тоа е сржта на христијанската порака.

Свети Павле посебно инсистира на последниот елемент од пасхалното таинство – воскресението. Сè да завршило со Исусовата смртт, тоа би било пример за највозвишена посветеност, но од тоа не би можела да се роди нашата вера, предупреди Папата. Сè се врти околу воскресението од кое се раѓа нашата вера. За да го поткрепи тој историски настан, апостол Павле дава список на сведоци кои го сретнале Воскреснатиот. На последното место е самиот свети Павле кој себе се смета за недостоен, „недоносче.“ Тој го користи тој израз затоа што неговата лична историја е драматична: тој го сретнува Воскреснатиот на патот за Дамаск, и така се пресвртуваат сите негови дотогашни идеи. Прогонителот станува апостол затоа што го видел живиот Исус, воскреснатиот Христос. Тој е темелот на неговата вера, верата на другите апостоли, верата на Црквата и нашата вера.

Светиот Отец нагласи дека христијанството не е толку нашето барање на Бог – барање кое е всушност толку неодлучно – туку тоа повеќе е Божја потрага за нас. Исус нè „грабна“ за повеќе никогаш да не нè пушти – рече Папата. Христијанството е милост, дар, изненадување, и од таа причина тоа претпоставува срце кое поседува способност за восхит – истакна папата Фрањо и продолжи:

Да се биде христијанин не значи да се појде од смртта, туку од љубовта Божја кон нас, која го победи нашето смрттно непријателство. Бог е поголем од ништожноста и доволна е една запалена свеќа за да се победи најмрачната ноќ. Затоа Павле воскликнува: „Смрт каде ти е осилката? Пеколу, каде ти е победата? Да го носиме во своите воскресни денови тој восклик во своето срце – рече на крајот Светиот Отец, истакнувајќи дека Исус и понатаму е жив меѓу нас.

РВ/к.мк

20/04/2017 16:12