Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Бројот на католици е зголемен во Африка, а намален во Европа

Монахињи во салата Павле VI - OSS_ROM

21/04/2017 10:43

Папскиот статистички годишник информира дека католиците во светот се 1.285 милиони. Но Европа веќе не е татковина на христијанството.

Таквата слика од поголем број аспекти е позната: процесот на секуларизација, се намалува бројот на верниците во земји со стара католичка традиција; додека расте бројот на католиците во земјите на т.н. "Третиот свет", особено во Африка. Во 2015 година, сепак, се забележа и друг тренд: намалување на бројот на свештениците.

Податоците за 2015 година покажуваат дека во светот има 1.285 милиони крстени католици (17,7% од целото население), со зголемување од 1% во однос на 2014 година, кога тие беа 1.272 милиони.

Забележителен раст има во Африка (19,4%). Стабилна е состојбата во Европа: во 2015 година католиците се 286 милиони, но со 1,3 милиони помалку во однос на 2014 година Во извештајот се наведува дека „ова намалување се должи на добро познатата демографска ситуација, со мало зголемување на населението и со прогноза за намалување и во наредните години ".

Различно е ситуацијата во Америка и Азија, каде зголемувањето на бројот на католици е 6,7% и 9,1%, што „целосно соодветствува на демографскиот развој на овие два континенти".

Африка се подготвува да стане центар по бројот на католици. На овој континент крстените верници се зголемија од 15,5% на 17,3%. Америка останува континентот, на кој припаѓаат речиси 49% од крстени католиците. Присуството на католици на азискиот континент во 2015 година се задржа на околу 11% од светското население. Стабилно останува и ситуацијата во Океанија, иако бројката не достигнува 0,8% од светското католичко население.

Првенство по бројот на католици држи Бразил: 172,2 милиони или 26,4% од вкупниот број католици на американскиот континент. Следуваат Мексико (110,9 милиони), Филипини (83,6 милиони), САД (72,3 милиони), Италија (58,0 милиони), Франција (48,3 милиони), Колумбија (45,3 милиони) , Шпанија (43,3 милиони), Демократска Република Конго (43,2 милиони) и Аргентина (40,8 милиони).

Се забележува и неочекуван пад на бројот на свештениците. Во 2015 година свештениците биле 466.215, од кои 5.304 епископи, 415.656 свештеници и 45.255 постојани ѓакони. Ова е прва година кога се прекинува растечката тенденција, карактеристична за периодот 2000 - 2014 година Во годишникот се наведува дека „намалувањето во периодот од 2014 до 2015 година се однесува особено на европскиот континент (- 2.502 единици), а во останатите континенти се забележуваат позитивни промени: + 1.133 единици во Африка, +47 во Америка, + 1.104 во Азија и + 82 во Океанија ".

РВ/к.мк

21/04/2017 10:43