Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата одржа повеќе од 500 проповеди од Света Марта

Папата Фрањо на утринска Литургија во Света Марта - EPA

21/04/2017 10:49

Повеќе од 500 утриснки проповеди одржа папата Фрањо досега во неговиот понтификат. Првата утринска Миса Папата заедно со десетици други луѓе ја служеше во капелата на домот Света Марта на 22 март 2013 година. Ватикан ги објавува извадоци од проповедите на Папата на Радио Ватикан и весникот Осерваторе Романо. Папата Фрањо прoповедите ги одржува без напишан текст, а после утринското размислување и молитва на Папата. Како што изјави во 2013  година тогашниот гласноговорник на Светиот Престол патер Федерико Ломбарди, утринските проповеди на Папата поради семејниот карактер не се во рангот научителски прoповеди, како што е случајот со проповедите на јавните светите Литургии.

Вообичаено папата Фрањо служи света Литиргија со посетители во домот Света Марта четири пат седмично (понеделник, вторник, четврток и петок), но често пати оваа пракса се прекинува поради обврски на Папата. Поради воскресните празнувања проповедите од утринските Литургии не се објавуваат, а следната е на 24 април 2017 година. На 23 април папата Фрањо го слави својот именден, свети Георги, како и 44 годишнина од неговите завети во Дружбата Исусова.

РВ/к.мк

21/04/2017 10:49