2017-04-23 12:28:00

Папа на мирот во Египет за мир


Мотото за посетата на Папата е „Папа на мирот во Египет за мир“ е една од речениците кои православните и католиците копти често ја повторуваат за да ги опишат очекувањата од тоа претстојно апостолско патување.

За расположението се кое се очекува доаѓањето на Папата, за Радио Ватикан зборуваше монс. Варнава ел Соријани коптско-православен епископ од Торино и Рим, и пред сè ја изрази големата радост со која се очекува посетата на папата Фрањо, затоа што – како што рече – тоа ни го вети во 2013 година, кога се сретна со патријархот Тавадрос. Папата Фрањо е личност која го сака целиот народ, целиот христијански свет – додаде – затоа со нетрпение ја чекаме неговата посета, посебно оние денови, после последниот атентат. Првиот човек кој го слушнавме и кој ни ја изрази својата близина беше папата Фрањо – истакна надбискупот Варнава ел Соријани.

На новинаркска забелшка дека целиот свет е трогнат од реакцијата на коптската заедница после атентатот, затоа што во заедницата воопшто немаше омраза, епископот истакна дека како христијани не мразат никого, и покрај тоа што сè што се случи е многу мачно. Знаеме која е целта на тој атентат; желбата е да се уништи заедницата, сака да се уништи односот со властите и со нашите браќа муслимани. Освен тоа – рече епископот – вистина е дека атентатот беше наменет за нас, христијаните, но истовремено имаше и жртви муслимани, недолжни загинаа чуварите пред катедралата во Александрија.

Осврнувајќи се потоа на меѓународата конференција за мир која тие денови ќе се одржи во Каиро, а на која ќе бидат присутни голем број верски водачи, и тоа исто така ќе биде можност да се потврди оделеноста на религиите од било каков терористички чин, епископот рече дека токму заради тоа му се допаѓа мотото за посетата на Папата: „Папа на мирот, во Египет за мир.“ Тој е сличен апел на сите тројца водачи во Египет: папата Фрањо, патријархот Тавадрос и големиот имам на универзитетот Ал-Азхар. Тоа ќе биде силен апел против тероризот – рече епископот и на крајот го поттикна целиот христијански свет да се моли за своите браќа христијани на Блискиот Исток.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.