Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Млади од Македонија на средба во Вуковар

Млади од Макеоднија на средба на католичката младина во Вуковар - RV

02/05/2017 11:32

Група млади од Македонија заедно со скопскиот парох дон Давор Топиќ, присуствуваа на средба на католичката младина во Вуковар од 29 април до 1 мај 2017. Мотото на средбата беше „Христос - надеж наша". Младите беа сместени во семејства во местото Нијемци, близу Вуковар, каде што во попладневните и вечерните часови во саботата, во парохијата имаа пригодна програма, заедничко дружење и катехеза.

Кулминацијата на оваа средба беше светата Литургија во недела 30 април во Вуковар, која ја предводеше надбискупот ѓаковачко-осиечки монс. Ѓуро Храниќ, со повеќе бискупи од Хрватска и странство, заедно со околу 30000.

Улиците на Вуковар беа полни со мноштво млади, кои имаа можност да присуствуваат на поучни духовни настани. Средбата заврши со концерт.

Младите исто така имаа можност да ги посетат културните знаменитости на градот, меморијалната гробишта од последната војна и воениот логор Овчара.

Младите се вратија исполнети со ново духовно искуство кое ги зацврстува да живеат во Христовата надеж.

к.мк

02/05/2017 11:32