Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Прославен патрониот празник на црквата во Бистренци

На 30 април епископот Стојанов служеше Литургија во Бистренци по повод патрониот празник свети Јосиф - RV

02/05/2017 11:18

Со Светата Архиерејска Литургија предводена од Н.В.П д-р Киро Стојанов, во заедништво со свештеници од Апостолскиот Егзархат и со присуство на голем број верници во недела 30 април 2017 година беше прославен патрониот празник на црквата во Бистренци посветена на Свети Јосиф.

Меѓу присутните беше и директорката на Специјалниот завот Демир Капија г-ѓа Валентина заедно со неколку штитеници која на крајот ја изрази својата благодарност до Католичката црква за несебичната помош и подршка на Заводот. На светата Литургија присуствуваа и верници од Неготино, Кавадарци и Демир Капија.

Во дворот на црквата од страна на верниците беше организирано освежување и дружење.

РВ/к.мк 

02/05/2017 11:18