Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Божјата нежност може да ги промени камените срца

Папата Фрањо за време на светата Литургија во капелата на домот Света Марта (Ватикан, 2.5.2017)

04/05/2017 10:28

Нека Господ ги разнежни тврдите срца кои го осудуваат сето она што е надвор од законот. Не знаат дека Божјата нежност е способно да го отстрани каменото срце и на неговото место да стави срце од месо – рече папата Фрањо, на светата Литургија на 2 мај 2017 година во капелата на домот Света Марта.

Свети Стефан е „сведок на послушноста“, како што Исус бил „послушен до смрт“ и токму заради тоа го прогонувале. Во проповедта папата Фрањо појде од првото литургиско читање кое раскажува за мачеништвото на Стефан и вели дека христијанинот е „сведок на послушноста.“ Тие кои го каменувале на Стефан „не го разбирале Словото Божјо“. Стефан ги нарекол „тврдоглави и необрезани по срцето и ушите“ – а да му се каже тогаш на некому дека е необрезан – има исто значање како и „поганин“. Папата бара размислување за различните начини за разбирање на Словото Божјо.

На пример, Исус ги нарекува учениците од Емаус „луди“, израз кој не е почесен, но не е ниту толку силен како оној на Стефан. Учениците не разбрале, биле исплашени, затоа што не сакале да имаат проблеми. Биле во страв, но биле добри и отворени за вистината – рече Папата. И кога Исус ги укорува, дозволуваат неговите зборови да им продрат во срцето и тоа се разгорело; додека тие кои го каменувале на Стефан, биле „бесни“ и не сакале да слушаат. Тоа е „драмата на затвореноста на срцата“ – тврди срца – рече Светиот Отец.

Во Псалм 94, Господ го предупредува својот народ да не дозволи да му се ожесточи срцето, а подоцна преку пророкот Језекиил, дава прекрасно ветување: дека ќе им го одземе срцето камено и ќе го замени со срце од месо; што значи срце кое е послушно и знае да слуша и да прими сведоштво на послушноста – рече папата Фрањо.

Тоа е она што прави толку многу да трпи Црквата: „затворените срца“, „срцата од камен“, „срцата кои не сакаат да се отворат, ниту сакаат да слушаат.“ Срцата кои единствено го знаат јазикот на осудата. „Не знаат да кажат: Зошто тоа го зборуваш? Зошто така? Објасни ми... – Не, затворени срца се. Знаат сè и немаат потреба за објаснувања – рече Светиоте Отец.

Укорот кој Исус им го упатува е дека ги убиле пророците „затоа што ви го зборувале она што вам не ви одговара“ – потсети папата Фрањо – затвореното срце „не дозволува Светиот Дух да влезе. Во нивните срца немало место за Светиот Дух.“

Денешното читање ни зборува дека Стефан бил „исполнет со Дух Свети;“ сè разбрал: бил „сведок на послушноста.“ Словото стана тело, и тоа е она што го прави Светиот Дух. Затвореното срце, срцето ожесточено и поганско не дозволува Духот да влезе, затоа што се чувствува самодоволно. Двајцата ученциа од Емаус сме ние – рече Папата – „со толку дилеми, со толку гревови; и толку пати сакаме да се оддалечиме од крстот и од искушенијата... Но да направиме место, за да го слушнеме Исус кој го „разгорува срцето.“

Втората група – оние кои се затворени во строгоста на законот; кои не сакаат да слушнат – потсети папата Фрањо. Исус многу зборувал, зборувајќи им и погрди работи од оние кои им ги кажал Стефан. Осврнувајќи се потоа на случката со прељубницата, која била грешница, рече: „Секој од нас влегува во дијалогот помеѓу Исуса и жртвите на оние со камени срца; односно прељубниците. Оние кои сакале да ја каменуваат, Исус само одговора: „Погледнете се самите себе...“ рече Светиот Отец.

Да ја погледнеме денес ова Исусова нежност: „сведок на послушноста, големиот сведок Исус кој го даде животот – во средбата со нас и нашите гревови и слабости – ни ја покажува Божјата нежност. „Да влеземе во овој дијалог и да молиме милост Господ – на оние кои се крути, оние кои се „затворени во законот“ и осудуваат сѐ што е надвор од законот – да им ги омекне срцата. Не знаат дека Словото дојде во Тело; дека Словото е Сведок на послушноста.“ Не знаат дека Божјата нежност е способна да го отстрани срцето камено и да го замени со срце од месо – рече на крајот од својата проповед папата Фрањо.

РВ/к.мк

04/05/2017 10:28