Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Романските епископи посакуваат Папата да ја посети Романија

Членовите на Епископската конференција на Романија - RV

06/05/2017 10:31

Можната посета на папата Фрањо на Романија и беатификацијата на седум источно-католички епископи, маченици во времето на комунизмот, се главните точки на пленарното собрание на Епископска конференција во Романија, која се одржува од 3 до 5 мај во Клуж. На конференцијата учествуваат 15 епископи од 12-те епархии и бискупии на Католичката црква во Романија, заедно со апостолскиот нунциј во земјата монс. Мигел Буендија и епископот на Кишињев, во Молдавија, монс. Антон Коза.

Минатата година романските епископи и претседателот на земјата Клаус Јоханис упатија официјалната покана до папата Фрањо да ја посети земјата, додека Синодот на Романската Православна Црква сѐ уште не се произнел по прашањето.

Романските католици ја очекуваат одлуката на Светиот Престол за беатификацијата на седумте католички епископи од источен обред, со надеж дека лично папата Фрањо ќе ги издигне на небесните олтари. Тоа се Валериу Френциу, Јулиу Хосу, Александру Русу, Иван Белан, Иван Сучију, Василе Афтение и Тит Кинезу.

Пленарното собранието беше отворено со Литургија од источен обред во Католичката катедрала Преображение Господово, а на 5 мај ќе заврши со Литургија од латински обред во црквата Свети Михаил.

РВ/к.мк

06/05/2017 10:31