2017-05-10 09:31:00

Монс. Јурковиќ: Братството и солидарноста имаат предност


Светиот Престол повикува на заштита на достоинството на секој човек и безрезервно спроведување на хуманитарните принципи и политики, со кои ќе им помогнат на луѓето во движење, особено на оние кои се најмногу изложени - истакна на 8 марј 2017 година архиепископот Иван Јурковиќ, постојан набљудувач на Светиот Престол при Канцеларијата на Обединетите нации во Женева за време на советодавната конференција посветена на миграцијата, која има за цел да го подготви патот за меѓународен договор за миграција и човековите права. Конференцијата беше организирана од страна на Global Compact, стратешка иницијатива на Обединетите нации за спроведување на корпоративната социјална одговорност, која е базирана на 10 основни принципи на човековите права, правата на работниците, животната средина и борба против корупцијата.

Единствено со  создавање на Глобалниот договор, кој е далековиден и ги става луѓето во центар, како и мигрантите, кои се активни протогонисти, можеме успешно да го подобриме глобалното управување со миграцијата – истакна архиепископот Јурковиќ, повикувајќи дека братството и солидарноста имаат предност пред било кои политички поделби или географски граници. Воедно истакна од потребата за заштита на децата мигранти, кои повеќе се изложени на разни облици на злоупотреба.

Надбискупот Јурковиќ исто така потсети на неодамнешниот говор на Папата пред учесниците на Меѓународниот форум за миграција и мир, кој се одржа во февруари оваа година во Рим. Папата Фрањо, тогаш, меѓудругото, рече: Секој мигрант е човечко битие, кое како такво поседува неотуѓиви основни права, кои во сите ситуации мора да се почитуваат...  (Не)регулираниот правен статус не смее да доведе до тоа да се намалува достоинството на мигрантот кој ги има неотуѓивите права, кои не смеат да се кршат, ниту пак да се игнорираат.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.