Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Божјиот народ е на пат за средба со Господ

папата Фрањо служи света Литургија во капелата на домот Света Марта

12/05/2017 15:39

Историјата на спасението е патот по кој Бог оди заедно со својот народ – рече папата Фрањо на светата Литургија на 11 мај 2017 година служена во домот Света Марта.

Истакна дека Бог се покажувал во историјата. Светците и грешниците заедно одат по патот кон „полнотата на времето,“ и тоа кон „друга полнота на времето“, првата била кога Бог стана човек. Така Црквата оди напред со многу светци и грешници, секогаш помеѓу благодатта и гревот – рече Папата.

Патот не е цел – нагласи Светиот Отец – туку ни помага при тоа целта да ја направиме сè појасна. Ни помага да разбереме, да ја продлабочиме верата, подобро да ги сфатиме заповедите. И може да се случи она што некогаш сме го сметале за нормално, што за нас не било грев, денес напротив да го сметаме за смртен грев – рече Папата.

Да помислиме на ропството – продолжи Светиот Отец – Кога одевме на училиште, таму ни зборуваа што правеле со робовите. Како се земале од едно место и се продавале на друго. Денес велиме дека ропството е смртен грев, но порано на тоа се гледало поинаку. Некои оправдувале дека ропството било дозволено, затоа што тие луѓе немаат душа. Морало да се оди напред за подобро да се сфатиме верата и моралот. Денес некои би можеле да кажат дека повеќе не постојат робови, но ги има, дури и повеќе од порано! Но, денес барем знаеме дека ропството е смртен грев. Истото важи и за смртната казна која порано се сметала за нормална, а денес не е дозволива! – рече папата Фрањо и додаде дека тоа важи и за „верските војни.“

Постојат многу „прекриени светци“ кои на патот се погрижиле за тоа на народот Божји многу од тоа да му стане јасно. Народот Божји секогаш е на пат – истакна папата Фрањо. Но, кога народот Божји застанува, тогаш станува заробеник, како магарето во шталата. Тогаш ништо не разбира, не напредува, не ја продлабочува својата вера ниту љубовта, не ја чисти својата душа... Но, постои и трета полнота на времето – рече Светиот Отец, она нашата. Секој од нас е на патот кон својата полнота на времето. Секој од нас ќе дојде до точката на полнота на времето кога животот ќе заврши и така ќе мора да го пронајде Господ.

Би требало уште еднаш да се запрашаме во внатрешноста: веруваме ли во тоа дека Божјото ветување е на патот. Ние на Исповедта треба да станеме свесни дека тоа сега е чекор на патот кон полнотата на времето. Да се моли Бог за простување не е нешто автоматско. Тоа значи да се сфати дека сум на пат, среде народот на пат. Исто така, тоа значи да се сфати дека еден ден – можеби денес или утре или за триесет години – ќе застанам пред Господ лице во лице, пред Него Кој никогаш не нè остава сами, туку секогаш нè придружува на патот. Размислете за следното: Кога одам на Исповед, мислам ли на тоа дека сум на пат, дека Исповедта е еден чекор поблиску до средбата со Господ, чекор кон мојата полнота на времето? И тоа е големо дело на Божјото милосрдие – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

12/05/2017 15:39