Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Генерална аудиенција

Папата: Марија е Мајка на надежта

Папата за време на Генералната аудиенција и катехеза на плоштадот Свети Петар во Ватикан (Ватикан, 10.5. 2017) - AFP

12/05/2017 09:44

На Генералната аудиенција на 10 мај 2017 година, во склоп на катехезите за христијанската надеж, Светиот Отец зборуваше за Марија како Мајка на надежта.

За Марија не било едноставно да одговори со едно ДА на повикот на ангелот: Сепак, уште во цветот на младоста, храбро одговара – без оглед што не знаела, што ја чека. Во тој момент Марија – како многу мајки – ни блеска, храбра до крајност, кога станува збор за прифаќање во крилото на историјата на новиот човек кој се раѓа.

Тоа е првиот чекор на долгиот список различни послушности кои како мајка ќе ја придружуваат. Папата рече дека Марија во Евангелијата изгледа како молчлива жена, која често не го разбира она што се случува околу неа, но која исто така размислува за секој збор и настан во своето срце.

Папата истакна дека Марија заради несигурност на животот – посебно кога изгледа дека апсолутно ништо не оди како што треба – не паѓа во депресија. Ниту насилно протестирала против сопствената судбина. Не, Марија е жена која слуша. „Не заборавајте дека постои секогаш силен однос помеѓу надежта и слушањето“ – рече Папата – а Марија е жена која слуша, која ја прифаќа својата егзистенција, со нејзините среќни и трагични денови и така до својата најтемна ноќ, кога нејзиниот Син бил прикован за дрвото на животот.

Сѐ до тој ден, Марија како да ја нема во Евангелијата; нема е пред таинството на Синот, послушна на Отецот. Но, Марија се појавува во клучниот момент: кога добар дел од пријателите заради страв не се присутни. Мајката никогаш не изневерува, и токму во тој момент, под крстот, никој од нас не знае да каже кое страдање е посурово: она на невиниот Човек Кој умира на рамката на крстот или пак агонијата на Мајката која го следи до последните моменти од животот на својот Син.

Евангелијата се крајно дискретни; го забележуваат присуството на Марија со едноставниот глагол: „стоеше.“ Ништо не зборуваат за нејзината реакција: дали плачела или не – ништо; ништо што би ја опишала нејзината болка: Евангелијата само велат: „стоела.“ Стоела таму, во најлошиот момент, во суровиот момент и го следела својот Син – истакна Папата.

Марија стоела; едноставно „била таму.“ Марија стоела таму во најгустиот мрак – рече Папата – но стоела. Не заминала. Марија таму е верно присутна, секој пат кога, на местото кое го покрива темнината, свеќата треба да ја држи запалена. Ниту таа сè уште не го познава воскресението кое нејзиниот Син во тој момент треба да го отвори за сите луѓе. Таму е заради верноста на Божјиот план, затоа што од првиот ден на својот повик, се прогласува за слугинка Господова, но и заради својот мајчински инстинкт заради кој трпи, секој пат кога постои некој „син“ кој поминува низ мака. Страдањата на мајките – рече Папата – сите познаваме силни жени кои на себе ги понеле многу страдања на своите деца.

Се наоѓаме на првиот ден на Црквата; Таа, мајка на надежта, среде заедницата на кревки ученици: еден го негираше; многумина побегнаа, а сите се преплашени. Но, Таа едноставно била таму, како сè да е нормално: во првата Црквата која ја осветлувала светлината на воскреснието, но исто така и стравовите заради првите чекори кои требало да се преземат.

Заради тоа сите ја сакаме како Мајка. Не сме сираци: на небото имаме мајка – Света Мајка Божја. Таа нè учи на крепоста чекање, па и тогаш кога сè изгледа лишено од смисла. Нека во моментите на тешкотии, Марија Мајка која Исус ни ја даруваше на сите, секогаш ги поддржува нашите чекори, нека секогаш на нашето срце му каже: Стани. Гледај кон напред. Гледа кон хоризонтот, затоа што таа е Мајка на надежта – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

12/05/2017 09:44