Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Порака со благодарност од Папата до патријархот Тавадрос II

Папата Фрањо и коптскиот патријарх Тавадрос II - AFP

12/05/2017 15:34

Да продолжиме да напредуваме на патот кон истата евхаристиска трпеза и да растеме во љубовта и помирувањето – истакна Светиот Отец во својата порака до поглаварот на Коптската православна црква, патријархот Тавадрос II.

Порака на Папата доаѓа по посетата на Египет, а ја пишува по повод четвртата годишнина од средбата со александрискиот патријарх. Имено, коптскиот патријарх на 10 мај 2013 година го посети папата Фрањо во Рим, а Петар на нашето време истакна дека токму тој датум претставува ден на пријателството помеѓу двете Цркви.

Светиот Отец му посакува на коптскиот патријарх мир и здравје и ја изразува својата радост и благодарност заради духовните врски кои го соединуваат Петровиот и престолот на Марко. Воедно му се заблагодарува на патријархот за неговата гостољубивост, за средбата и што имале можност да молат заедно како браќа во Христос. Папата посебно е благодарен што го зацврстија единственото на Крштението во Телото Христово прогласувајќи заедно дека личност која сака да премине од едната во другата Црква нема повторно да ѝ се поделува светата Тајна Крштение која што личноста веќе ја примила дали во Католичката или во Коптската православна црква.

Нашите братски врски нè поттикнуваат – продолжи папата Фрањо – да ги зацврстиме нашите заеднички напори за да истраеме во барањето на видливото единство во различноста под водсвото на Светиот Дух. Нека на тој пат нè придружува силното застапништво на светците како и нивниот пример. Да продолжиме да напредуваме на патот кон истата евхаристиска трпеза и да растеме во љубовта и помирувањето – истакна Светиот Отец.

Папата гарантира дека се моли за коптскиот патријарх Тавадрос II и за мир во Египет и на Блискиот Исток. Напоменува дека во ова воскресно време моли Светиот Дух да ни ја даде силата и нежноста Божја, да го исполни срцето со својата милост и да го запали во нас пламенот на својата љубов. Нека Духот на мирот ни даде да растеме во надежта, пријателството и хармонијата – порачува на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

12/05/2017 15:34