2017-05-12 15:36:00

Папата Фрањо: Да се бориме против корупцијата


Папата Фрањо испрати порака до сите латиноамерикански епископи, од 22 земји од тоа подрачје, кои на 9 мај 2017 година се собраа во Сан Салвадор на Генерално собрание на Советот на епископски конференции на Латинска Америка (CELAM), посветена на темата „Сиромашна Црква за сиромашни.“

Триста години откако тројца сиромашни рибари на чудесен начин во реката Параиба, во Бразил ја пронајдоа статуата Пресвета Богородица од Апарецида (објава), папата Фрањо испрати порака до сите латиноамерикански епископи, од 22 земји од тоа подрачје, кои на 9 мај 2017 година се собраа во Сан Салвадор на Генерално собрание на Советот на епископски конференции на Латинска Америка (CELAM), посветена на темата „Сиромашна Црква за сиромашни.“ Папата во пораката изразува голема загриженост заради корупцијата која владее на американскиот континент.

Три века по тој чудесен настан – пишува Папата – Пресвета Богородица од објавата ни помага да растеме во верата и нè воведува длабоко на патот на апостолатот. Има три аспекти тој апостолат, кои што ги истакна Светиот Отец. Пред сè, тоа се тројцата сиромашни луѓе со семејствата кои живееле во несигурноста на секојдневниот живот, во допир со великодушниста и немилостите на реката.

Таа сцена нè потсетува на тешкотиите во животот на голем број наши браќа – рече Папата. А она што најмногу боли – додаде Папата – е што речиси е нормално да се гледа како се спротивставуваат на еден од најтешките гревови кои го погодуваат нашиот континент: корупцијата која ги уништува животите потопувајќи ги во крајно сиромаштво. Корупцијата која уништува цели народи подложувајќи ги на неизвесност. Корупцијата која како ракот го нагризува секојдневниот живот на луѓето – истакна Папата.

Вториот аспект е Марија, претпазлива мајка која ги следи животите на своите деца. И оди и таму каде што нема надеж. Во историјата на Апарецида – потсети Папата – ја пронаоѓаме во реката, прекриена со кал. Таму ги чека своите деца, таму таа е со своите деца среде нивните борби и барања – рече Светиот Отец.

Третиот аспект е средбата на рибарите со Марија. Нивните мрежи не се наполниле со риба тука со присуството кое го исполнило нивниот живот, и кое им дава сигурност дека во своите намери и борби не се сами. Мрежите се претвориле во заедницата на верниот народ кој се признава за грешен и кој е спасен; народ силен и упорен – рече Папата – свесен дека неговите мрежи, неговиот живот се полни со присуство кое го храни за да не ја загуби надежта.

Апарецида не донесува рецепт – истакна папата Фрањо – туку клучеви, мерила, малку поголеми сигурности за да нè просветли, и најмногу да зголеми желбата да се ослободиме од сите непотребни работи и да се вратиме на корените, на она важното, способноста која ја всадила верата во Првата Црквата, а после од нашиот континент направила земја на надежта. Апарецида од нас бара да ја оживееме својата надеж среде бројните суровости. Колку имаме да научиме од верата на нашиот народ! – истакна Папата и на крајот поттикна – Да не се плашиме да се извалкаме за својот народ, и за да ја откупиме и обновиме надежта, да не се плашиме од калта на историјата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.