Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата ги изненади жителите на Остија

папата Фрањо во посета на жителите на Остија - EPA

20/05/2017 11:16

Во петок попладне, 19 мај 2017 година папата Фрањо се погрижи за изненадување, посетувајќи ја периферијата на Рим.

Овојпат папата Фрањо посети семејства во Остија, при што благослови домови. „Петоци на милосрдието“ се конкретни дела на љубов кон ближниот, кои ги спроведува папата Фрањо.

Парохот на Стела Марис, една од шесте парохии во Остија, веќе завчера на огласната табла оставил известување дека наскоро ќе помине за велигденски благослов на домовите.

Сепак семејствата беа изненадени кога пред нивните врати, наместо парохот ѕвонеше Папата. Во таа прилика папата Фрањо благослови 17 домови во зградата на улицата Пијаца Франческо Контедука 11, разговараше со присутните, подарувајќи им Бројаници, стои во ватиканското соопштение.

Во шега Папата се извини затоа што пречи и покрај тоа што не дојде за време на попладневниот одмор, како што пропишува куќниот ред на зградата. На заминување се задржа во разговор со луѓето во продавницата за сладолед.

Остија е важен антички град, кој денес е предградие на Рим, недалеку од аеродромот Фијумичино, во кој живеат околу 100.000 луѓе. Со неговата посета Папата сакаше да ја покаже присутноста на „Црквата во излегување“, Црква која е на страната на едноставните луѓе, кои потешкотиите на животот ги надминуваат со силата на верата.

За време на Година на милосрдието, папата Фрањо еднаш месечно, а секогаш во петок се упатуваше во посета на одредена група луѓе: новородени, на умирање, зависници од дрога, жртви на проституција, слепи... Тие негови средби беа наречени „Петоци на милосрдието“, а тоа продолжува да го прави и по завршувањето на Година на милосрдието.

РВ/к.мк

20/05/2017 11:16