Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата најави конзисториум за именување пет нови кардинали

Папата најави конзисториум за именување пет нови кардинали - RV

23/05/2017 12:37

По завршувањето на молитвата Царице Небесна во недела 21 мај 2017 година папата Фрањо најави конзисториум за 28 јуни, кога ќе именува на пет нови кардинали. Новите кардинали се: Жан Зербо надбискуп од Бамако – Мали; Хуан Хозе Омела, надбискуп од Барцелона – Шпанија; Андерс Арборелиус, бискуп од Стокхолм – Шведска; Луиз Марие Линг Мангханекоун, Апостолски викар од Паксе - Лаос и Грегорио Роса Чавез, помошен ебискупо во надбискупијата Сан Салвадор – Сан Салвадор.

По конзисториумот на 28 јуни папата со новите кардинали, како и со минатата година именуваните митрополите ќе служи свечена света Литургија во чест а римските патрони Петар и Павле.

Кардиналите се блиски советници на Папата. Тие се активни членови во ватиканските институции и учествуваат во одлуки кои се од значење за Црквата во светот. Сепак нивна најважна задача е избор на лседниот Папа.

Папата Фрањо во неговите четири години понтификат свеика три конзисториуми за именување нови кардинали при што именува 56 кардинали, од кои 13 над 80 години, односно без право на учество во избор на нов папа. Новите пет кардинали се помеѓу 68-75 години и со тоа имаат право да учествуваат на конклави за избор на нов Папа.

РВ/к.мк

23/05/2017 12:37