Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата ја посети римската парохија „Свети Пјер Дамијани“

Папата Фрањо ја посети римската парохија Свети Пјер Дамјани и служеше света Литургија во парохиската црква - REUTERS

23/05/2017 12:35

На 21 мај 2017 година попладнето, папата Фрањо ja посети парохија „Свети Пјер Дамијани", која се наоѓа во Касал Берночи, на јужната периферија од Рим. Ова е четврта посета на папата Фрањо во парохија од неговата бискупија по завршувањето на Јубилејот на милосрдието и петнаесеттата во неговиот четиригодишен понтификат. Посетите се во рамки на пасторалните посети на Римскиот епископот во парохиите од неговата бискупија.

Папата пристигна во парохијата „Свети Пјер Дамијани" околу 15.40 часот и се сретна во спортскиот центар во Касал Барночи со децата и младите кои посетуваат веронаука. За време на средбата Светиот Отец одговораше на прашања поставени од страна на децата. Потоа Папата се упати во парохиската зграда, каде се сретна со болни, членовите од Неокатекуменската заедница и сиромашните, за кои се грижи локалниот Каритас. На крајот исповеда четворица парохијани.

Во 18.00 часот Папата ја предводеше света Литургија во парохиската црква. Во проповедта, која беше спонтана папата Фрањо ги повика верниците да не го навредуваат Светиот Дух и да сфатат дека во нив „живее Бог, кој нѐ придружува, кој ни кажува што треба и како треба да направиме, Бог кој ни помага да не грешиме, кој ни помага да не паднеме во искушенијата. (...) Ѓаволот, обидувајќи се да нѐ ослабне, во нас внесува озборување, клевети, конкуренција и поттикнување да бидеме еден против друг“.

Папата Фрањо ги повика верниците од Господ да молат благодат „за да го чуваме Светиот Дух, кој е во нас. Да не Го навредуваме и нека нашето однесување пред сите - пред христијаните и нехристијаните - биде однесување на нежност и почит, бидејќи на тој начин дејствува во нас Светиот Дух: со нежност и почит".

РВ/к.мк

23/05/2017 12:35