2017-05-23 12:29:00

Папата: Да го ставиме Бог во центарот на својот живот


Нека замолкне оружјето и нека надвладее добрата волја за дијалог, за земјата да постигне мир и развој – повика папата Фрањо во својот апел од прозорецот на Апостолската палата во Ватикан на 21 мај 2017 година.

„Денешното Евангелие пред нас го става оној потресен и драматичен момент на последната вечера на Исус со учениците. Евангелистот Иван од устата и од срцето Господови ги собира последните поуки, пред неговата мака и смрт.

Исус на своите пријатели им ветува „друг Утешител“ (ред 16), што значи друг Застапник, Бранител и Утешител, како и „Духот на вистината“ (ред 17) и додава: „Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам при вас“ (ред 18) Овие зборови ни донесуваат радост за новото Христово доаѓање: Он, воскреснат и прославен, престојува во Отецот, но – во исто време – доаѓа кај нас во Светиот Дух. Во тоа негово „друго доаѓање“, се открива нашето единство со Него и со Отецот: „ќе разберете, дека Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Мене, и Јас сум во вас“ (ред 20) – рече Светиот Отец.

Папата објасни дека размислувајќи за овие Исусови зборови, со чувството на вера сфаќаме дека сме Божји народ во заедништво со Отецот и со Исус преку Светиот Дух. Во ова таинство, заедништвото на Црквата наоѓа неисцрплив извор за сопственото послание кое се остварува преку љубовта. Исус во Еванелието вели: „Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам Сам.“ (ред 21) Љубовта нѐ воведува во познавањето на Исуса, благодарение на Светиот Дух – објасни Папата.

Љубовта кон Бог и ближниот е најголемата заповед на Евангелието. Господ денес нѐ повикува на великодушен одговор на евангелскиот повик на љубовта, да го ставиме Бог во центарот на својот живот и да се посветиме на служење на браќата, посебно на оние во потреба, како нивна поддршка и утеха – објасни Светиот Отец.

Ако постои став кој никогаш не е лесен, тогаш тој е ставот на вештината љубов, вештината за добра волја преку Господовиот пример и со неговата милост. Понекогаш спротивностите, горделивоста, зависта и поделбите го остваат својот знак и врз убавото лице на Црквата. Колку луѓе се одалечиле само заради тоа што не се почувствувале прифатени, сфатени и сакани; или колку се оддалечиле од некои парохии заради озборување, љубомора или завист, на кои наишле.

За христијанинот да „умее да сака“ никогаш не е нешто што се постигнува еднаш за сите времиња. Секој ден повторно се започнува и треба да се вежба за нашата љубов кон браќата и сестрите со кои се среќаваме, да стане зрела и прочистена од ограничувањата и гревовите кои ја прават делумна, себична, неплодна и неверна.

Вештината во љубовта треба секојдневно да се учи; секој ден треба со трпеливост да се посетува Христовото училиште со помош на Неговиот Дух – рече папата Фрањо и посака: „Нека Дева Марија, совршена ученичка на својот Син и Господ ни помогне да бидеме секогаш се попослушни на Духот на вистината за секој ден да учиме меѓусебно да се љубиме како што нас Исус нѐ љуби.“

Потоа Папата рече дека од Централно Африканската Република која му е на срцето, и понатаму пристигнуваат болни вести за вооружен конфликт кој предизвика голем број жртви и се закануваат на мировниот процес. „Близу сум до народот, епископите и сите оние кои се трудат околу доброто на народот и околу мирниот соживот. Се молам за загинатите и ранетите и го повторувам својот апел: Нека замолкне оружјето и нека надвладее добрата волја за дијалог, за земјата да постигне мир и развој, рече Папата.

Потоа Папата рече дека католиците во Кина на 24 мај 2017 година ја слават Блажена Дева Марија – Помошничка на христијаните, и собраните верници ги повика на духовно единство со кинеските католици на кои посебно им порача: „Да го подигне погледот кон Марија, својата Мајка, да ни помогне да расудуваме за волјата Божја со оглед на конкретниот пат на Црквата во Кина и нѐ поддржи во великодушното прифаќање на нејзниот план на љубовта.

„Марија нѐ охрабрува за да принесеме личен придонес за единство меѓу верниците и за хармонија во целото општество. Да не заборавиме да ја сведочиме верата со молитва и љубов, останувајќи секогаш отворени за средба и дијалог“, поттина папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.