Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Папата: Без Светиот Дух верата станува идеологија

Папата за време на Литургијата во Света Марта

30/05/2017 16:21

Ако нашиот духовен електоркардиограм покажува права линија, ако нашето срце не реагира на поттикнувањата од Светиот Дух, ни се заканува опасноста од ладна, идеолошка вера – предупреди папата Фрањо на светата Литургија, во понеделник 29 мај 2017 година, во капелата на домот Света Марта.

Својата проповед Светиот Отец ја започна со првото литургиско читање кое ја опишува своевидната „ефешка Педесетница“, припадниците на таа заедница биле крстени, но дури со доаѓањето на свети Павле дознале дека постои Свет Дух. Апостолот потоа на нив ги положил рацете, Светиот Дух слезе врз нив и започнаа да зборуваат во други јазици и да пророкуваат.

Дали сум во состојба да го слушам Светиот Дух? – праша папата Фрањо. Дали сум способен да барам надахнување пред да донесам одлука, пред да кажам нешто или пак пред да направам нешто? Или пак можеби моето срце е мирно, без чувства, круто? Кога на некои срца би извршиле снимање со духовен електрокардиограм, резултатот би бил права линија, без чувства. И во евангелието наидуваме на такви срца: да се потсетиме на закониците. Тие верувале во Бог, ги познаале заповедите, но нивните срца биле неподвижни, затворени, не дозволувале да се „вознемируваат“ – рече папата Фрањо, советувајќи да дозволиме да бидеме „вознемирени“ од Светиот Дух.

Тоа воопшто не е сентименталност, односно да се почувствува нешто во срцето и тогаш да се следи тоа чувство. Потребно е да се наслушнува и разликува: да се разликува што чувствувам во срцето, бидејќи Светиот Дух е учител на разликувањето. Човекот кој ги нема тие движења во срцето, кој не разликува што се случува, тој е човек со ладна, идеолошка вера. Неговата вера е чиста идеологија – предупреди Папата.

Токму тоа е драмата на закониците кои се ожесточиле на Исус – рече папата Фрањо, повикувајќи ги присутните во деновите пред празникот Духовден да го преиспитаат својот однос кон Светиот Дух. Дали од него барам да ме води по мојот пат, кој секојдневно мора да го бирам во својот живот: Дали го молам за милост да разликувам помеѓу доброто и помалку доброто? Веднаш може да се раздели доброто од лошото, но постои и сокриено зло: тоа се состои во помалку добро, кое во себе сокрива зло. Дали молам за таа милост: Тоа прашање сакам денес да го посеам во вашите срца – рече папата Фрањо и продолжи:

Откровението на светиот богослов Иван започнува со повикот до „седумте цркви“, односно седумте епископи во она време, да послушаат што им зборува Светиот Дух. И ние да молиме за таа милост, да послушаме што зборува на нашата Црква Светиот Дух, на нашата заедница, нашата парохија, нашето семејство и на секој од нас поединечно, како би примиле милост за да го научиме јазикот за слушање на Светиот Дух – рече на крајот Светиот Отец.

 

РВ/к.мк

30/05/2017 16:21