Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Папата: Апостол Павле нѐ учи на апостолска ревност

Папата Фрањо на света Литургија во домот Света Марта

02/06/2017 09:38

Проповедување, прогонство и молитва – се три точки или ставови од животот на свети Павле за кои папата Фрањо посебно се задржа за време на Литургијата на 1 јуни 20147 година во Домот на Света Марта. Навестување на Евангелието помеѓу прогонството од светот и утехата Господова.

Животот на апостолот Павле е постојано во движење и тешко е да се замисли легнат на некоја плажа, како се одмора. Тој е човек во вечно движење. Светиот Отец ги истакна трите главни точки од животот на светиот апостол Павле. Првата точка е неговото делување: Проповедвуање и навестување на Евангелието – рече Светиот Отец.

Павле е постојано активен и оди од место во место навестувајќи го Христос, а кога пак не навестува, тогаш тој работи. Павле не седнува на маса за да пишува – продолжи Светиот Отец. Постојано бил во движење и секогаш го навестува Исус Христос. Го имал оној жар, онаа ревност на апостол, која го носела напред. Никогаш не се повлекувал, туку секогаш одел напред, а тоа му донесувало и тешкотии – истакна папата Фрањо.

Тешкотиите всушност се прогонство од што Павле никогаш не беше поштеден, а кој ја прават втората димензија од неговото апостолско делување. Во првото читање дознаваме како сите од синедрионот се здружиле против него. Завршил на суд, бидејќи го нарекувале човек кој правел смутови – рече папата Фрањо. Но Духот го вдахнува на мала „лукавост“ и Павле знае дека и не се толку многу единствени, туку меѓу нив постојат многу меѓусебни борби и расправи, бидејќи садукеите не верувале во воскресението, а фарисеите верувале.

Павле пред сите извика: Луѓе, браќа! Јас сум фарисеј, син на фарисеј; за надеж, и за воскресение на мртвите ме судат!” Штом тоа го рече меѓу нив настана голема неслога и расправа, а тоа биле чуварите на Законот и чуварите на Верата на Божјиот народ; но едниот верува едно, а другиот друго – рече Папата. Го изгубиле Законот, го изгубиле учењето, ја изгубиле верата, бидејќи ја претвориле во идеологија – рече Светиот Отец.

Свети Павле морал многу да се бори. Поради тоа многу трпел од прогонството и борбата. На крајот, тука е и третата димензија: молитвата; Павле во молитвата интимно го познава Господ, кој толку пати бил покрај него. Поминувајќи низ толку борби и прогонства навестувајќи го Исус Христос, Павле силата ја црпи токму од третата димензија, таинствената димензија на апостолскиот живот! Силата ја црпи од средбата со Господ, која се остварува во молитвата, како и при онаа прва нивна средба пред Дамаск, каде што беше упатен да ги прогонува христијаните.

Павле е човек кој се сретна со Господ и тоа не го заборава, туку дозволува Господ да го пресретне и да го бара, како би се сретнал со него, а тоа е така зашто е човек од молитва. Тоа се трите става на Павле, на што нѐ учи овој извадок: апостолска ревност во навестувањето на Исус Христос, отпорност на прогонствата и молитва; средба со Господ.

Така Павле непредува помеѓу прогонството од светот и утехата Господова – рече папата Фрањо. Нека Господ на сите нас христијаните ни даде милост да ги научиме овие ставови во својот христијански живот: навестување на Исус Христос, отпорност на прогонствата и заводливоста, кои сакаат да нѐ одвојат од Исус Христос и милост за средба со Исус Христос во молитвата – рече на крајот од својата проповед папата Фрањо.

РВ/к.мк

02/06/2017 09:38