2017-06-02 09:42:00

Почина кардинал Љубомир Хусар


Поранешниот поглавар на Украинската Источно католичка Црква, кардинал Љубомир Хусар почина на 31 мај 2017 година, во 85 година од животот. Во неговиот роден град Лавов, каде што долги години беше архиепископ, 1 јуни е прогласен за ден на жалоста. Погребните обреди ќе се одржат на 5 јуни во Киев.

По повод смртта на кардинал Хусар, папата Фрањо упати телеграма со сочувство во која се истакнува дека и покрај потешкотиите и прогонствата на Црквата, тој секогаш останал верен и се залагал за „преродба на Источно католичката црква во неговата земја“, стои во телеграмата на Папата.

Во 2001 година синодот го именува монс. Љубомир Хусар за голем архиепископ на Лавов, а со тоа стана и поглавар на Украинската Источно католичка Црква од византиско - словенски обред, а папата Иван Павле II го именува за кардинал.

Во текот на неговата служба во 2005 година се случи и преместувањето на традиционалното епископско седиште од Лавов во украинскиот главен град Киев. Кардинал Хусар е познат и по неговото ангажирање за единство на христијаните во Украина и дијалогот со другите вероисповеди и религии.

Во март 2011 година кардинал Хусар го наследи архиепископот Свјатослав Шевчук.

Со смртта на кардинал Хусар, Кардиналскиот колегиум брои 221 кардинал. Од нив 116 се под 80 години и со тоа може да учествуваат при избор на Папа.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.