Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Моштите на свети Никола се враќаат од Русија во Бари

Процесија во Русија во чест на свети Никола - RV

28/07/2017 10:56

Екуменизмот на светци е прекрасна можност за дијалог меѓу Црквите“ – рече кардинал Курт Кох по повод неговото патување во Санкт - Петербург, по повод престојот на моштите на свети Никола во Русија. Се проценува дека моштите на свети Никола во Москва и Санкт Петербург, ги видоа, искажувајќи им почит, околу 2,5 милиони верници. Се работи за голем екуменски настан, бидејќи реликвиите можат да ги мотивираат верниците поактивно да се заземат за дијалог - истакна кардинал Кох и продолжи: „Убаво е да се сретнуваат црковните лица, но исто така е важно тоа да го прави и народот, верниците.“

Во петок 28 јули 2017 година моштите на свети Никола ќе бидат вратени во Бари, а делегацијата ја предводи токму кардинал Кох, во својство на претседател на Папскиот совет за промовирање единство меѓу христијаните. Делегацијата е составена од надбискупот на градот Бари и Битон, монс. Какучи, ректорот на базиликата Свети Никола, о. Чиро Капотосто, како и претставници на Московскиот патријархат. Во Русија ќе ги пречека епископот Назариј од Кронштад, поглаварот на манастирот Алекандар Невски, кои ги прифати гостите за време на нивниот престој во Русија.

Свети Никола е еден од најпочитуваните христијански светци , кои различни Цркви и христијански деноминации го почитуваат како заштитник на слабите, прогонетите, девојките, морнарите и децата. Со оглед на неговата голема почитуваност во разни краишта, свети Никола стана вистински „мост помеѓу исток и запад“, нагласува доминиканецот Хијачинте Дестивиле, службеник во Папскиот совет за промовирање единство меѓу христијаните.

Симболички убаво е што овој настан следува по средбата помеѓу папата Фрањо и патријархот Кирил во Куба 2016 година, „во знак на пријателство, како молитвите би се довериле на свети Никола за приближување на нашите Цркви“, истакна Дестивиле.

Во петок моштите на свети Никола ќе бидат вратени во Бари. Од аеродромот реликвиите веднаш ќе бидат пренесени во базиликата, каде ќе се одржи свечена процесија со Вечерна молитва и полагање на моштите во гробот на свети Никола, во присутност на јавен записничар, кој од овој историски настан ќе направи службена белешка за „враќањето на свети Никола“ во Бари.

РВ/к.мк

28/07/2017 10:56