2017-07-29 11:09:00

Делата кон сиромашните се „икона на Црквата“


Светски ден на сиромашни, преноќишта, перални за бездомници и бесплатни оброци. Ова се само некои од гестовите „кон последните“, кои го карактеризираат четиригодишниот понтификат на папата Фрањо.

Денот за сиромашните е прогласен од папата Фрањо во еден од најнеочекуваните, трогателни и елоквентни моменти на Јубилејот на милосрдието, на плоштад исполнет со илјадници затвореници за нивниот Јубилеј. Овој Светски ден посветен на сиромашните, ќе стане реалност на 19 ноември, кога на истиот овој плоштад ќе стане видлив знак за еден од приоритетите во понтификатот на папата Фрањо, најавен од самиот Папа пред ватиканистите од целиот свет, само три дена по неговиот избор за Петров наследник: „Колку би сакал една сиромашна Црква и за сиромашните!"

Не може да се набројат, за овие четири и пол години понтификат, бројните гестови на првиот Папа во историјата, кој го избра името Фрањо, кон оние кои општеството ги смета последни и непотребни. За него сиромашните не се само приматели на добра, туку се лица и приказни, тие се „катедра", благодарение на нивното сведоштвото за верата, живеена меѓу раните, кои ги поднесуваат за целата Црква.

Светски ден на сиромашните

Денешниот свет не знае или не сака јасно да ја истакне сиромаштијата. И покрај тоа илјадници лица - мажи, жени и деца осквернати и навредувани - секој ден повикуваат кон нашето бесрамно богатство, кое раѓа само рамнодушност. Папата Фрањо ги спомнува овие лица во својата порака за Првиот светски ден за сиромашните и ја повикува целата христијанска заедница да го прифати за свој стил делењето на добра, на кое нè учи свети Фрањо, почнувајќи од средбата со лепрозниот. Предлогот што го упатува Папата е храбар: една недела на заеднички иницијативи со сиромашните, поканете ги на Литургија, во блиските парохии или отворајќи ги домовите, за да дојдат на ручек со нас. Така самиот Папа давајќи на 19 ноември по Литургијата на плоштадот Свети Петар, ќе руча во салата „Павле VI" со околу 500 сиромашни од Рим.

Честитки и неочекувани ручеци

На 17 декември 2016 папата Фрањо наполни 80 години и први кои му упатија честитки беа осум бездомници, две жени и шест мажи, кои живеат околу плоштадот Свети Петар. Уште еден гест со кој Папата ги истакнува „прво сиромашните", кои имаат предност дури и пред браќата кардинали, и со кои ќе служи Литургија истото утро во капелата на Свети Павле. За време на своите пасторални посети во Италија, ручекот со сиромашните стана веќе традиција. Но постојат и неочекувани посети.

Заштитник на бездомниците

Судбината на бездомниците е многу ценета за Папата, кои многупати се соочуваат со рамнодушноста кон нив и тоа во еден град како Рим. Така, Папата  преку својата „десна рака" за милосрдни дела, монс. Конрад Краевски, и активностите на Папската служба за милостиња - посака околу „неговиот дом" да биде изградена една своевидна „тврдина" за сиромашните. Амбуланта, тушеви и берберница беа изградени под колонади на плоштадот Свети Петар. Машко прифатилиште на „виа деи Пенитенциери ", кое може да прими до 34 лица. Педијатриски диспанзер, кој веќе постоеше, во една мала зграда зад домот „Света Марта", како и веќе постоечката кујна за сиромашните, доверена на сестрите на Мајка Тереза од Калкута, која сега веќе е активна 24 часа на ден и воедно е женско прифатилиште. Тука исто така спаѓаат бројните раздадени телефонски картички и паричните надоместоци во вредност од 200 до 1000 евра, за луѓето кои не можат да ги платат сметките.

Прифаќање на бегалци

Два апартмани се наменети за семејства бегалци кои доаѓаат од воените региони. Тоа беше одговор на двете ватикански парохии по повикот на Папата упатен за време на молитвата „Ангел Господов" на 6 септември 2015: „Секоја парохија да прифати едно бегалско семејства".

Прегратки

Сиромашен не е само оној кој е лишен од средства за живот: безбројни се милувањата и прегратките на болните и инвалидите за време на Генералните аудиенции, патувањата и различните јавни настани. Ќе остане во сеќавање тишината на плоштадот „Свети Петар", кога на 6 ноември 2013, Папата ги повика сите да се молат за Ноеми која страда од ретка генетска болест, која беше на смртна постела. Малку пред тоа, во присуство на нејзините родители, тој ја помилува, бакна и благослови. „Таа е една од нас, да го направиме овој чин на љубов кон неа", рече Папата за време на Генералната аудиенција.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.