2017-07-29 11:12:00

Папата Фрањо се моли малиот Чарли Гард и неговите родители


На 28 јули 2017 година вечерта, на својот профил @Pontifex, Светиот Отец упати Твитер порака со следната содржина: „Малиот Чарли го доверувам на Отецот и се молам за родителите и за луѓето кои му посакуваа добро.“

Таа беше реакцијата на папата Фрањо, на веста за смртта на малиот Чарли Гард, кој почина на 28 јули 2017 година, само неколку денови пред својот прв роденден.

„Нашиот мил син замина. Навистина сме горди на Чарли“ – изјавија родителите на Чарли, Кони и Крис, соопштувајќи ја така веста за смртта на својот син, чија животна драма, последните месеци, во целиот свет предизвика големи симпатии, но и полемики. (...)

До родителите на малиот Чарли пристигнуваат илјадници молитви, изрази на сочувство, па и преку социјалните мрежи. Чарли е роден на 4 август минатата година (2016) и за неколку дена – веднаш да се пристапеше на лекување – ќе ја навршеше својата прва година од животот. На почетокот се изгледало добро, но после неколку дена започнале да се покажуваат симптоми на многу ретка дегенеративна болест, која предизвика рапидно губење на мускулната маса.

Родителите на Чарли сакаа да го однесат дома за да почине во својата соба, во приватноста на својот дом и со своите родители, но тоа наводно не било возможно, затоа што респираторот и придружните инструменти кои го одржуваа во живот физички не можеле да влезат во куќата, додека мајката на Чарли на крајот рече дека лондонската болница „остана глува за нивната последна желба.“

Во меѓувреме дознавајќи за смртта на Чарли со изјава се огласи и кардинал Николс, надбискуп на Вестминстер и претседател на Бискупската конференција на Англија и Велс:

„Длабоко сум ожалостен од веста за смртта на малиот Чарли Гард. Сакам да изразам искрено и длабоко сочувство на родителите кои го љубеа со толку силна и неуморна љубов. Ги уверувам во своите како и во молитвите на католичката заедница. Се молам нашиот небесен Отец, кој сигурно ја примил душата на нивниот сакан син во небото да ги утеши и зацврсти, како и целото нивно семејство и пријателите.

Исто така давам поддршка и на персоналот во болницата Great Ormond Street, кој се грижеше за Чарли во текот на сите овие долги месеци од неговиот краток живот. Посетувајќи ја неодамна и самиот оваа болница, познат ми е великодушниот и изворедниот професионализам и средствата кои се на располагање, на секој млад пациент и семејство, во оваа изворедна болница. И тие исто така ќе ја вкусат тагата заради смртта на Чарли Гард. Почивај во мир“ – вели на крајот од својата порака кардинал Николс.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.