Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Ангел Господов

Папата: Тоа е страшно, сурово и е злосторство

Папата Фрањо за време на денешниот пладневен наговор, на прозорецот на Апостолската палата (Ватикан, 30.07.2017) - AP

31/07/2017 11:16

После молитвата „Ангел Господов“ на 30 јули 2017 година Папата рече дека денес се одбележува Светскиот ден против трговијата со луѓе, укажувајќи на фактот дека денес илјадници мажи, жени и деца невини се жртви на трудова и сексуална експлоатација или се невини жртви на трговијата со човечки органи. „И ми се чини дека сме навикнале на тоа; како тоа да е нормална работа... Тоа е зло, тоа е сурово и тоа е злосторство!“ – рече Папата

Повторно сите ги повика на ангажирање, за таа страшна рана; на тој модерен облик на ропство примерно да му се спротивставиме. Повикувајќи ги потоа верниците на молитва заедно со нив измоли едно Радувај се Маријо, за Пресвета Богородица жртвите на оваа трговија да ги поддржи, а срцата на трговците да ги преобрати.

Според својот обичај папата Фрањо потоа ги поздрави сите поклоници од Италија и светот и, се препорача во молитвите.

РВ/к.мк

31/07/2017 11:16