Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Документи

Порака за Светскиот ден за туризам

Кардинал Турксон - REUTERS

04/08/2017 11:11

„Одржлив туризам – средство за развој“ е темата на следниот Светски ден за туризам, кој ќе се одржи како и секоја година, на 27 септември. Оваа година во согласност со меѓународната година која е во тек, посветена од ОН на истата тема. За таа пригода кардинал Турксон, префект на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој, објави порака во која се истакнува дека туризмот може да биде важно средство за развој и сузбивање на сиромаштвото. Меѓутоа, при тоа треба да се води сметка – како што научува Социјалната наука на Црквата – дека вистинскиот развој не се сведува на едноставен економски раст. Како би бил вистински, треба да биде интегрален, односно за промовирање на секој човек, и човекот во целост.

Кога зборуваме за туризмот- пишува кардиналот – мислиме на многу важна појава, како поради бројот на луѓето кои ги опфаќа, меѓу кои се патниците и туристичките работници, така и бројните економски, културни и општествени благодати кои се нудат, но и поради ризикот и опасностите кои можат да бидат предизвикани во многу средини.

Како што известува Светската туристичка организација (WTO), во 2016 година имало милијарда и 235 милиони меѓународни туристички пристигнувања. Туристичкиот сектор претставува 10% од светскиот бруто национален производ и 7% од вкупниот извоз, што значи дека вработува 1 од 11 работници на планетата.

Поминаа 30 години – истакнува кардиналот во пораката – откако ООН го воведе поимот одржлив развој кој ги задоволува потребите на сегашниот момент, не компромитирајќи ја можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби. Тоа значи – објасни кардинал Турксон – дека туризмот треба да биде одговорен, не смее да се уништува околината и да ѝ се наштетува, а во општествено - културен контекст на кој влијае треба посебно да се почитуваат народите и нивното културно наследство, трудејќи се да се зачува достоинството на личноста и работничките права; да се биде внимателен кон лицата кои живеат во неповолни услови и кои се ранливи.

Времето за одмор не може да биде оправдание за неодговорност, ниту пак за искористување. Напротив, тоа е посебно време во кое секој може да додаде вредност на својот живот, како и во животите на други луѓе. Што се однесува пак до економиите со проблеми, одржливиот туризам може да биде средство за развој, ако стане орудие на нови можности, а не извор на проблеми. Поради тоа Црквата денес зборува за туризам со човечко срце, кој се конкретизира во проектите „на туристичките заедници“, соработка и солидарноста и во вреднување на големите уметнички наследства кои се вистински „пат на убавината“ – истакна на крајот префектот на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој, кардинал Турксон.

 

РВ/к.мк

04/08/2017 11:11