Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата упати видео порака до Црквата во Перу

Катедралата во Лима - REUTERS

07/08/2017 10:47

„Работете за единството" е повикот преку видео порака на папата Фрањо до граѓаните на Перу, објавена по повод неговата апостолска посета на оваа земја во јануари 2018. Пораката беше објавена од кардинал Жан Луис Ципријани Торн, архиепископ на Лима.

На почетокот од пораката Папата ја изразува „големата желба" да ја посети оваа јужноамериканска земја. „Вие сте народ - вели тој - со огромни ресурси. Но најубавиот ресурс кој може да го има една земја се светците". Перу - потсетува Светиот Отец – „има и многу големи светци кои оставија печат врз животот на Латинска Америка. Светци кои ја градеа Црквата и ја изградија, одејќи од поделба кон единство. Еден светец - продолжува папа Фрањо - секогаш работи во оваа насока: она што е поделено го приведува кон единство. Тоа го направи и Исус, затоа христијанинот треба да го следи овој пат".

Папата ги повика Перуанците да одат по истиот пат заедно со бројните светци на овој народ: „Работете за единството, бидејќи - појаснува тој - оној кој работи за тоа единство, гледа напред. Но - предупредува Папата - може да се гледа напред и со скептицизам и горчина. Но не и христијанинот, бидејќи христијанинот гледа напред со надеж, тој се надева да го постигне она што го вети Господ. Затоа, работете за единство и надеж", заврши Папата, во очекување на претстојната посета на Перу, предвидена за 15 до 21 јануари 2018, при што ќе ги посети градовите Лима, Пуерто Малдонадо и Трухијо.

РВ/к.мк

07/08/2017 10:47