Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Генерална аудиенција

Папата го осуди насилството во Нигерија

Папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда (Ватикан 9 август 2017) - ANSA

10/08/2017 10:30

За време на Генералната аудиенција во среда 9 август 2017 година папата Фрањо упати апел за конечен прекин на секој облик омраза и насилство, посебно насилството кое се прави во богослужните места, каде верниците се собираат поради молитва. При тоа првенствено мислеше на нападот врз Католичката црква во Нигерија и вчерашниот напад на христијаните во Централноафриканската република.

Светиот Отец повтори дека длабоко е натажен поради маскарот кој се случи минатата недела во црква во Нигерија, каде беа убиени невини луѓе. Во нападот се убиени најмалку 13 лица, а 26 се повредени откако маскиран маж пукаше за време на богослужбата во црквата Свети Филип во нигерискиот град Озубулу. Исто така го осуди и вчерашниот напад врз христијанската заедница во Централноафриканската република, во кој повеќе десетици христијани ги загубија животите. Папата Фрањо по кратката пауза ги повика сите присутни да молат за браќата и сестрите во Нигерија и Ценралноафриканската република.

РВ/к.мк

10/08/2017 10:30