Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Генерална аудиенција

Папата: Исус ни нуди надеж во новиот живот

Папата Фрањо прегрнува верник за време на Генералната аудиенција во среда (Ватикан 9 август 2017) - ANSA

10/08/2017 10:34

Божјото милосрдие е темел на христијанската надеж – истакна папата Фрањо за време на Генералната аудиенција на 9 август 2017 година, во Ватикан.

Во својата катехеза, која ја заснова на седмата глава од Евангелието според Лука, во која Исус ги простува гревовите на жената која со своите солзи и скапоцено миро му ги измила неговите нозе. На кратко, станува збор за делот кој го опишува Исусовиот однос кон грешниците.

Светиот Отец потсети дека Исусовото простување на гревовите на таа жена предизвикува соблазна затоа што го менува преовладувачкиот однос во тоа време. Имено, менталитот на тоа време налагал јасна поделба помеѓу светите и грешниците, чистите и нечистите – објасни Папата. Но, Исусовиот став, радикално е поинаков; од самиот почеток на својата служба им пристапувал на лепрозните, опседнатите, болните и маргинализираните. Таквото однесување не било вообичаено и Исусовата симпатија кон исклучените и недопирливите ги загрижувала неговите современици.

Папата Фрањо рече дека Исус не проповедал како што тоа го правеле филозофите стоици, кои учеле дека страдањето треба јуначки да се претрпи, туку тој го делел човечкото страдање, а кога ќе го сретне, од неговата длабочина извира став кој го карактеризира христијанството: милосрдието. Соочен со човечкото страдање Исус покажува милосрдие. Срцето Исусово е милосрдно. Исус сочувствува! – рече Папата, додавајќи дека Исусовиот восхитувачки став кон оние во очајни ситуации, па и оние кои направиле многу грешки во својот живот, го обележува нашиот христијански идентите со печатот на милосрдието. И тоа дава сигурен темел на нашата надеж.

Светиот Отец предупреди дека Исусовото милосрдие не е нешто „ефтино“: Исус плати висока цена на крстот кога на себе ги зеде сите гревови на луѓето. Папата потсети дека Исус наидува на првите негативни реакции кога на фатениот човек му ги простува гревовите. Тој бил човек кој страдал двојно: бил фатен, а освен тоа одвнатре се чувствувал „виновен.“ И Исус знаел дека другата болка е полоша од првата и од таа причина му зборува: „Синко! Ти се простуваат гревовите!“ (Мк 2, 5). Го ослободува човекот од чувството и притисокот на вина. Во тој момент некои книжници започнале во себе да мудруваат, да приговараат, биле соблазнати заради Исусовите зборови. Сметале дека станува збор за богохулство затоа што единствено Бог може да простува гревови – рече папата Фрањо, додавајќи дека е тажно што има и католици кои се сметаат за совршени и кои ги мразат другите.

Папата потоа истакна дека Исус не завршил на крстот затоа што оздравувал болни, проповедал љубов и навестувал блаженства, туку Сунот Божји завршил на крстот првенствено затоа што простува гревови, затоа што сака целосно и конечно ослободување на човечкото срце. Исус ни нуди надеж во новиот живот кој е во знакот на љубовта. Така Матеј кој бил цариник, предавник на татковината и експлоататор станува Христов апостол. Или Закхеј, тој корумпиран богаташ станува добротвор на сиромашните. А Петар ја спознава вистината за себе дури откако петелот се огласил, а не кога се дувал, сметајќи се за подобар од другите... Исус на тој начин ги менува срцата, така постапува со секој од нас – рече папата Фрањо.

Светиот Отец потсети дека Црквата е народ грешници кои навистина го спознаваат Божјото милсрдие и простување. Сите ние сме грешници – продолжи Папата – на сите ни е потребно Божјото милосрдие кое поседува моќ да нѐ преобрази и секојдневно ни дава нова надеж. А оние луѓе кои ја сфатиле таа темелна вистина Бог им го дава најубавото послание на светот: љубов кон браќата и сестрите и навестување на милосрдието кое Тој на никому не му го скратува. Тоа е нашата надеж – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

10/08/2017 10:34