Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата: Абортусот е злосторство, апсолутно зло!

Папата: Абортусот е злосторство, апсолутно зло!

11/08/2017 10:08

Минатата недела организацијата „Млади за живот“ ја започна својата овогодинешна pro-life турнеја со собир за човечки права во австрискиот град Грац и после тоа тргна на поклоничко патување 200 километри оддалечено од Виена.

Организацијата „Млади за живот Австрија“ е група на ученици, студенти и млади вработени луѓе, кои се залагаат за доследна заштита на човечкиот живот од зачнувањето до природната смрт. Нивната цел е Австрија во која жените кои се двоумат дали сакат да го задржат детето или не, како и на нивните деца да им понудат вистинска помош, односно Австрија во која абортусот ќе стане непотребен. Ова година во центарот на вниманието се децата со пречки во развојот.

Откако надбискупот на Виена, кардинал Кристоф Шонборн, препорача учество во маршот за живот, сега и папата Фрањо ги поздрави сите учесници во таа летна акција. Детето и пред раѓањето поседува неповредливо достоинство и човекот со него не може никогаш да располага. Абортусот е злосторство, апсолутно зло – порача Светиот Отец, потсетувајќи со тоа на она што го кажа за време на конференцијата со новинарите во текот на повратниот лет од Мексико: „Абортусот не е помало зло, туку злосторство. Тоа значи да се исфрли едниот за да се спаси другиот. Тоа е она што го прави мафијата, зар не? Тоа е злосторство. Тоа е апсолутно зло.“ Папата исто така во својата енциклика „Лаудато Си“ ја истакнува заштитата на човечкиот ембрион. Додаваме дека учесниците на pro-life турнејае ги поздрави и апостолскиот нунциј во Австрија, надбискупот Петер Стефан Џубриген.

Абортусот на деца со потешкотии во развојот мора конечно да се укине – истакна Мирослава Машкаринец, гласноговорник на организацијата „Млади за живот“. Децата со пречки во развојот“ може не казнето да се абортираат сѐ до нивното раѓање. Предупреди дека во Австрија абортираат девет од десет жени чии неродени деца се дијагностицира пренетално Даунов синдром. Поздравот на Папата нѐ засилува во нашите барања – рече гласноговорничката, додавајќи дека во случаите кога жената се двоуми дали да го задржи детето или не, потребна е најголемата можна поддршка за во еднаква мера да може да ѝ се помогне и на жените и на децата. Овогодинешниот марш за живот би требало да заврши на 18 август во Виена, каде ќе се одржи завршниот настан.

РВ/к.мк

11/08/2017 10:08