Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Почина пакистанската Мајка на лепрозните

сестра Рут Фау - EPA

11/08/2017 10:28

Сестра Рут Фау, меѓународно позната германска лекарка и монахиња, која својот живот го посвети на борба против лепрата и туберкулозата, почина во 88 година од животот во болница во Карачи. Оваа монахиња помогна на стотина илјади луѓе да живеат достоинствено, истакна во четврток 10 август 2017 година во разговорот за Катпрес, претседателот на Фондацијата Рут Фау Харалд Мејер Порски. Сестра Рут целиот живот се бори за човечките права, разбирање меѓу луѓето и верските заедници.

Во повеќе од половина век делување, сестра Рут Фау со своите соработници излекувала повеќе од педесет илјади луѓе во Пакистан, каде што ја нарекуваат Мајка на лепрозните, а во 1979 година е именувана за почесна државјанка и национална советничка по прашања за лепрата. Нејзиното делување беше пропратено со помош на католичките хуманитарни организации, меѓу кои најмногу од Каритас.

Таа е родена на 9 септември 1929 година во Лајпциг. По завршување на војната доаѓа во Западна Германија и студира медицина. Крстена е во Евангелска црква, а покасно преминува во Католичката црква и станува монахиња - Ќерка на Срцето Мариино. Од 1960 година работи како лекарка во предградијата на Карачи. Три години покасно ја основа болницата за лекување лепра во Карачи и започнува образовна програма за борба против лепра, собирајќи повеќе стотини соработници од цел Пакистан. Заедно со соработниците помага и на загрозените делови во Авганистан, а за својата работа добила бројни признанија и награди

РВ/к.мк

11/08/2017 10:28