Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Во Марија гледаме дека понизноста е крепост на силните

Папата Фрањо на поклонение во Фатима; 13 мај 2017 година - AFP

14/08/2017 10:24

Пораката која што на објави на својот профил на Твитер, на 13 август 2017 година, папата Фрањо ја посвети на Марија. Во Марија гледаме дека понизноста не е крепост на слабите, туку на силните, кои не ги злоупотребуваат на другите, за да се чувствуваат важни – напиша Папата.

Станува збор за реченица земена од Апостолскиот поттик „Evangelii gaudium“, која Папата ја истакна во текот на своето патување во Фатима, во мај ова година, по повод 100 годишнината од објавата на Пресвета Богородица. Среќавајќи се со поклоници во капелата на објавата, на 12 мај, папата Фрањо истакна дека со Исус и Марија престојуваме во Бог. Сакаме ли да бидеме христијани, треба да бидеме маријански, односно треба да ја признаеме важната, животна и провидоносна врска која ја соединува Богородица со Исус, врска која го отвора патот кон Него.

Марија е учителка за духовниот живот – рече тогаш Папата – прва која го следи Исус по тесниот пат на крстот, давајќи ни пример. Блажена е затоа што секогаш и во секоја прилика верувала на Господовите зборови (Лк 1, 42. 45). Секој пат кога ја погледнуваме Марија повторно поверуваме во револуционерната сила на љубовта и нежноста. Во неа гледаме дека понизноста и нежноста не се крепости на слабите, туку на силните кои не треба да ги злоупотребуваат другите за да се чувствуваат важни (...) Ова низа на праведност и нежност, контемплација и одење во пресрет на другите, Марија го прави пример за евангелизација – рече Папата наведувајќи ги зборовите од спомнатиот поттик и на крајот посака секој од нас, со Марија да стане знак и света Тајна на Божјото милосрдие, Бог Кој простува секогаш и сѐ.

РВ/к.мк

14/08/2017 10:24