Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Ангел Господов

Папата: Нека Марија ни помогне да бидеме свети

Папата Фрањо ги поздравува верниците на плоштадот Свети Петар; 15 август 2017 година

16/08/2017 10:04

Нека Марија ни помогне да бидеме свети, за еден ден да се сретнеме со неа во Рајот – е молитвата на папата Фрањо од пладневниот наговор која ја упати до верниците, на 15 август 2017 година, на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Коментирајќи го Евангелието од денешната Литургија, кое зборува за заминувањето на Марија кај Елисавета за да ѝ помогне во последните месеци од бременоста, Папата истакна дека најголемиот дар кој Марија го носи на старата роднина и на целиот свет е Исус Кој веќе живее во неа. Во куќата на Елисавета и Захарија, во која порано владеала жалост, бидејќи немало деца, сега владее радост заради доаѓањето на детето, и тоа дете кое ќе стане големиот Иван Крстител, Претечата Христов. Преку доаѓањето на Марија радоста се разлева од срцата, бидејќи невидливо, но реалното Исусово присуство сѐ исполнува со смисла: животот, семејство, спасението на народот... Сѐ! – истакна Папата.

Таа полнота на радоста – објасни Папата - е изразен преку гласот на Марија во прекрасната молитва која ни ја пренесува Лука во Евангелието, и која по првиот збор, на латински јазик се вика Magnificat (Величај). Тоа е фалоспев на Бог кој направи големи дела преку понизната слугинка, непозната за светот, бидејќи –понизноста е како празнина која остава простор за Бог, истакна Папата. Понизниот човек е моќен, затоа што е понизен, а не затоа што е силен. Тоа е големината на понизниот и понизноста.

Magnificat зборува за милосрдниот и верен Бог кој својот план за спасение го остварува со малите и сиромашните, со оние кои веруваат во Него, кои, како Марија се доверуваат на Неговото Слово. „Блажена е таа, која поверува“ (Лк 1, 45) – извикала Елисавета. Со доаѓањето на Исус преку Марија, во таа куќа се вселило не само расположение на радост и братско заедништво, туку и вера која води до надеж, молитвата, до благодарност. Би сакале сето ова денес да се случи и во нашите домови – рече Папата. Славејќи ја Пресвета Марија вознесена на небото, би сакале Таа уште еднаш, на нас, на нашите семејства, нашите заедници, да ни го донесе оној неизмерен дар, она посебна милост за која треба секогаш да молиме пред сѐ и над другите милости кои исто така ни се на срце, а таа е милоста Исус Христос!

Носејќи Го Исуса – додаде Папата – Пресвета Богородица носи нова радост, со целосно значање; ни донесува нова способност со вера да ги преминеме најболните и најтешките моменти; ни донесува способност за милосрдие, за взаемно простување и разбирање, за меѓусебна поддршка. Марија е пример за крепост и вера. Гледајќи ја денес, вознесена на Небото, на завршетокот на нејзиниот земски пат, ѝ благодариме, затоа што секогаш ни претходи во ходочастието на животот и верата. Таа е прва ученичка, И да ја молиме да нѐ чува и поддржува; да можеме да имаме силна, радосна и милосрдна вера – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

16/08/2017 10:04